НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плескајте, живејте, пијте, советници, славни поклоници на Лудоста

0
By Биљана Секуловска on June 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку поголем владетел, толку повеќе се потребни поданици, неброено многу, непрегледно никогаш доволно.

Тие мора да ги плаќаат сите негови вистински и лажни потреби, напорни и пријатни задолженија, хирови и уморни часови кога не може да се мрдне од постелата. Тие се тука за сите пофалби на лудоста.

Тие мора да ги плаќаат и сите луѓе кои го опкружиле владетелот како ајкули, му се претставиле како советници, знајни и незнајни, важни и неупотребливи.

Сепак, тие советници се тука да ја величаат сопствената лудост претставувајќи му на владетелот дека таа дека е негова, вродена маана, тие му кажуваат дека се родени заедно, сраснати така да закржлавеле веќе, оттука нема сила што може да ги одвои овие паразити од владетелот.

Тие го цицаат него, слатката крв од која ја црпат моќта, парите, силата која ја поседуваат ја добиваат благодарејќи на поданиците, на нивниот страв, на нивното молчење, на наведнатата глава која се подала право пред нозете на владетелот.

Но тие кутрите, тие, поданиците, не ни знаат дека поседуват многу поголема моќ од онаа на советничките денгуби, дури и поголема моќ од онаа на владетелот, дека тие постојат заради нив и тие се тука ним да им служат, дека се заменливи и бескорисни доколку не ја сфатат сопствената улога во политичката мапа.

За нив пишува Еразмо Ротерамски во Пофалбата на лудоста, еден мал пасос на којс е присетив дека веќе еднаш сум го споменала:

“Оној што управува со државата мора да води јавни, а не лични работи, не смее да мисли на ништо друго освен на општата корист; не смее ни за влакно да се оддалечува од законите кои сам ги донесува и извршува; мора да бдее над чесноста на своите чиновници и власти; секогаш мора да мисли дека е изложен пред очите на сите и оти може со својот чист живот, како благотворна ѕвезда, корисно да влијае врз човечките работи или, пак, како злокобна комета да донесува најголема несреќа.

Пороците на обичните луѓе и како да не се чувствуваат така силно и нивните последици не достасуваат далеку; но владетелот стои на такво место што неговиот пример како смртоносна чума се простира далеку низ светот ако само малку скршне од чесниот пат“.

Повеќе и никој не знае како сето ова да го објасни на владетелот, ниту ние, ниту Заев може да го врати 15 век, за навистина да се сфатат сите овие лудости низ кои секој владетел мора да помине, за да знае зошто некогаш дошло до крајот.

Можеби и јас, ги прекорачив границите, како Ротердамски. “Ако оваа приказна ви се чини премногу брблива и дрска, земете во предвид, ве молам, дека говореше Лудоста, која е освен тоа и жена… Останете здраво, славни поклоници на Лудоста, плескајте, живејте, пијте”!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.