НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не влегов во политика за да си го гледам раатот

0
By Соња Петрушевска on June 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, ја во политиката не влеог да си го глеам  раатот, кажа премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата.

-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија, рече Заев.

Единствено што не интересира е иднината, напомена Заев, додавајќи дека е време на светот да му покажеме друг Балкан кој на соседите гледа како на пријатели и е концентираран на просперитетот на граѓаните.

-Со поглед светoт кон минатото можеме само да изгубиме, рече тој.

Како успеси кои Владата ги спровела во досегашниот мандат, Заев ги наброја усвоените закони од социјалната сфера, од правосудството, зголемената транспаретност на Владата и зголемување на слободата на медиумите, намалената невработеност под како што рече психолошката граница од 20 проценти и рекордните странски инвестиции.

Заев говореше и за моделот – едно општество за сите за почитување на сите заедници. Овој модел ќе продолжи се додека не се урне и последниот ѕид пред секој граѓанин кој му оневозможува да стигне до своите права.

-Пред две години бевме на работ на провалијата, а владеачката партија тогаш повикуваше на „Ноќ на долгите ножеви“, кажа Заев. Денеска две години подоцна НАТО заседава во Скопје, напомена Заев, најавувајќи ја посетата на Столтенберг и Северноатлантскиот совет.

На трибината зборуваше вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој најави дека 2019 ќе биде историска година „која генерации ја  чекаат 20 години“, затоа што годинава во јуни или во јули ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

-И најскептичните не треба да се сомневаат затоа што сме единствената држава која нема нерешено прашање со соседите, рече Османи.

Говореа и вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Денеска две години по формирањето на оваа Влада како држава можеме да кажеме дека направивме правилна и вистинска проценка и го сработивме тоа што беше неопходно – внатрешни реформи во комбинација со регионални решенија. Успеавме да станеме единствената држава во нашиот регион која нема ниту едно отворено прашање со своите соседи и тоа да го водиме паралелно со тешки, непопуларни, захтевни, понекогаш и скапи реформи, рече Шекеринска.

Денеска, додаде таа, „сме држава со потпишан Протокол за пристапување кон Алијансата, де факто членка на Алијансата, а де уре членка се надеваме во период покус од една година“. Тоа, според неа, веднаш создаде позитивна инвестициска и економска клима. Потсети дека протоколот за НАТО е ратификуван во голем број земји членки на НАТО, дека следниот месец се најавени уште и оти нашиот стратешки партнер САД, како што кажа, тоа го најави за оваа есен.

-Денеска попладне во Скопје ќе пристигне комплетниот воено-политички врв на НАТО предводен од генералниот секретар на Алијансата, утре ќе имаме важни разговори за нас, за нашето членство, за нашата иднина. Тоа пред две години беше само илузија. За приближно две недели од сега еден од најсофистицираните одбранбени и воени капацитети на НАТО суперсоничниот Б – 52 воен авион ќе ја надлета нашата земја салутирајќи и на својата најнова членка. Тоа што сме одбрани да бидеме земја домаќин на една голема воена вежба како „Одлучен удар“ во која ќе учествуваат не само НАТО сили туку и сериозни НАТО капацитети зборува исто така каде бевме а каде сме денес, рече министерката за одбрана Шекеринска.

Целта на спроведените и тековните реформи беше и е да ја вратиме довербата во институициите, но и да ги ослободиме и институциите и граѓаните од спрегите на полициската држава. Одлуката што ја донесовме на почетокот на мандатот на оваа Влада, а денес веќе е спроведена, е инструментите и механизмите кои ни стојат на располагање на извршување на нашите надлежности да се искористат исклучиво и единствено за целите на безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата рече  вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Нашата опрделба е граѓаните да бидат заштитени и ослободени од притисок, а не контролирани и уценувани. Токму затоа и реформата на безбедносно-разузнавачките служби е утврдена како стратешка цел на Владата на РСМ која е клучна во ослободувањето на затекантата заробена држава, рече тој.

Последен од говорниците во оваа сесија беше вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој оцени дека годинава ќе биде една од најуспешните економски години и посочи дека Владата има капацитет и сила да испорача таков резултат.

Економскиот раст од  -1,8  проценти што го наследивме, посочи вицепремиерот,  премина во раст од 3,2 проценти во последниот квартал лани. За првиот квартал годинава очекува подобра бројка од последниот квартал лани. Наспроти тоа што во изминатите десет години растот беше направен со задолжување од над три милијарди евра, сегашниот, како што наведе, е направен без никакво задолжување.

Анѓушев потенцира дека никој не може да негира дека се градат 19 фабрики во ТИРЗ-овите,а надвор од нив уште шест – седум фабрики, како и дека се зголемиле странските директни инвестиции кои лани достигнаа 624 милиони евра, а во првиот квартал директните средства донесени во државата за правење фабрики и купување машини  78,9 милиони евра, петпати повеќе  во просекот од последните седум години. Не може да се занемари и фактот, како што рече, дека невработеноста падна под психолошките  20 проценти, дека се вработени 26.600 граѓани, како и дека за над седум проценти се зголеми нето платата.

-Мораме економијата да ја извадиме од дневно политичката пресметка ако сакаме  да направиме добро за сите граѓани, а овие факти не може никој да ги негира, рече Анѓушев.

На форумот се дебатираше на повеќе прашања, како што е изградбата на инфраструктурата, плановите за рамномерниот регионален развој

На Трибината се присутни претставници од граѓанскиот сектор, академската заедница кои по говорите поставуваа прашања до владините претставници.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.