Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нуркачите во езерото Матка најдоа темели за кои се верува дека се од црква

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2013 14:13

Нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ од Скопје, како дел од нивната подводна експедиција во водите на езерото Матка, денеска најдоа остатоци од темели за кои се верува дека се од стара македонска црква, јавуват македонските медиуми.

Оваа акција имаше за цел да ја истражи и документира структурата на дното на езерото, каде под просторот на денешното село Козарево пред неколку месеци беше пронајден влез за нова пештера, а во нејзина близина беа пронајдени ѕидови со цртежи кои се претпоставува дека се од стара Македонска црква.

-Пред да се изгради браната на езерото Матка, на овој простор постоел таканаречениот Пат на силата, кој бил најкраткиот пат до денешен Македонски брод, односно го спојувал северо-источниот со југо-западниот дел на Македонија. Меѓутоа со надоаѓањето на водата и издигнувањето на езерото и браната Матка сето она што постоело на овој предел било покриено со вода. Затоа нашата акција беше да ги лоцираме, истражиме и мапираме сите археолошки места, рече Киро Ангелески, претседател на клубот „Врело“.

Додаде дека нуркачите и во следните денови ќе ја продолжат експедицијата за да ги пронајдат бараните примероци кои понатаму би се предале на релевантни институции за понатамошно испитување и утврдување дали навистина станува збор за темели на црква и од кој период датираат тие.

Оваа акција освен истражувачки карактер за прибирање и документирање на археолошки артефакти имаше и еколошка цел. Учесниците во акцијата успешно мапираа и локации на кои има отпад. Таму беа пронајдени гуми од автомобили, метални буриња од платформи, делови од железни конструкции, стари потонати чамци, крупен пластичен отпад, како и друг ситен отпад кој со години се насобирал на самото дно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.