Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг-Заев: Членството во НАТО е од заеднички интерес-бенефитите веќе се видливи

0
By Нова ТВ on June 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 3, 2019 11:22

Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО ќе биде во фокусот на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на земјава во Алијансата, што се одржува во Скопје.

-Наскоро 30. членка на НАТО, Република Северна Македонија денеска тука е домаќин на 29-те сојузници, порача денеска на почетокот на состанокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претседава со Советот.

Во своето кусо обраќање на почетокот на состанокот на главното тело на НАТО задолжено за политички одлуки, Столтенберг повтори дека Скопје и Атина покажале историска одлучност и успеале да го решат неколкудеценискиот спор, постигнувајќи го Договорот од Преспа.

-Тоа покажува дека промената е можна  и оти храброста се исплати. Благодарение на големите напори на одредени личности, а некои од нив денеска се тука, вие градите подобра иднина за вашата земја, придонесувајќи за регионалната и трансатлантската безбедност и обезбедувајќи натамошен просперитет, рече генералниот секретар на НАТО.

Членството во НАТО е важно за Северна Македонија, рече тој, но додаде тоа е важно и за регионот и за целата Алијанса. Напомена дека уште отсега се гледаат бенефитите од интегрирањето на една земја во НАТО, со оглед на тоа што странските инвестиции во земјава се зголемиле по добивањето на поканата.

-Тоа покажува колку всушнот безбедноста води кон просперитет, додаде генералниот секретар на НАТО на почетокот на состанокот, кој по неговото и обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе се одвива зад затворени врати.

Заев: Бенефитите од членството во НАТО веќе се видливи

Одржувањето на денешниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО во Скопје е најсилната политичка потврда за нашето извесно полноправно членство во Алијансата. Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО, потенцира премиерот Зоран Заев во обраќањето пред почетокот на состанокот на Североноатлантскиот совет со кој претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Ова е реализација на напорите и на стремежите на сите генерации политичари од различни политички партии и на сите граѓани од нашата земја од независноста до денес, нагласи Заев.

Ова е резултат, подвлече, на неуморната работа на нашите институции, на професионалците од одбраната и безбедноста, но и на сите други институции од државата.

– Членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план, рече Заев.

Додаде дека резултатите се веќе видливи, откако е добиена поканата за членство во Алијансата. Бруто домашниот производ пораснал за 5,5 проценти, невработеноста е намалена за 7,5 проценти, индустријата бележи пораст од 8,8 проценти, а платите пораснале за 6,1 процент.  Странските инвестиции, според Заев, постигнале нов рекорд во државата од 625 милиони евра или трипати поголем од просекот во последните осум години, а двојно поголем од најдобрата година досега.

– Секогаш постоел широк натпартиски и меѓуетнички консензус за нашето членство во НАТО. Тоа беше една од нашите идеи и водилки и кога ни беше најтешко. Тоа ни беше мотивација за да се соочиме со тешката безбедносна криза во 2001 година и со тешката политичка криза пред само две години и сите кризи да ги поминеме по мирен пат, на демократски начин и пат на дијалог, кажа Заев и додаде дека успеваме да ја обновиме нашата демократија, да ја ослободивме заробената држава и да ги вратиме демократските начела кои се темелот на НАТО како што се владеењето на правото, професионалните и независни институции и слободни медуми.

Премиерот најави дека нашата земја е подготвена до 2024 година да го постигне стандардот од два проценти од БДП за одбраната, со зголемување секоја година за 0,2 проценти. Според него, земјава е подготвена да го носи, као што рече, товарот на обврските од членството во НАТО и да се соочи со сите предизвици на тој пат. Најави дека ќе се зголеми учеството во мировните мисии во НАТО и во фондовите кои помагаат во зачувување на мирот и демократијата во земјите како во Ирак и Авганистан.

– Може да сметате на нашата лојална поддршка во борбата против ИСИС и ДАЕШ, им порача Заев на генералниот секретар Стотелберг и на амбасадорите на 29-те земји во НАТО.  Меѓу другото, Заев упати порака дека нашата земја ги прифаќа и доследно ги почитува трите столба и обврски на НАТО – пари, способност и придонес.

Потсети дека членството во НАТО е наша стратешка одлука верификувана со Резолуција на Собранието едногласано усвоена 1993 година.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.