Во реакцијата на интервјуто на Андреј Жерновски за Радио Слободна Европа се вели дека тој “го потврди концептот за глумење на жртва и плачење, за да ја прикрие својата неспособност да го менаџира функционирањето на Oпштина Центар.
Тој посочува дека бил казнуван, но прикрива да каже зошто е казнет. Сигурно некој напамет не му пишал казна. Во Mакедонија владее правна држава и доколку некој смета дека е неправилно казнет има право на второстепена инстанца за жалба.
Ние сме свесни дека Жерновски целиот свој мадат ќе го помине во глумење на жртва, само за да се оправда зошто не може да реализира ниту еден проект во својот мандат.
За интерес на граѓаните на Oпштина Центар, ние ќе му поставиме три конкретни прашања, на кои очекуваме и конкретни одговори од Андреј Жерновски.
Прво, вети дека до почетокот на грејната сезона ќе обезбеди снабдување со гас за училиштето Димитар Миладинов, а ни од далеку не е завршена реализиацијата на овој проект. Кога планира овој проект да го спроведе?
Второ, зошто не се отпочнати никакви градежни активности за новото училиште или пак новата градинка во Капиштец, кои толку гласно ги најавуваше дека ќе ги отпочне на самиот почеток од својот мандат?
Трето, зошто на граѓаните им вети дека ќе почне да ја гради Боемската Улица веднаш штом ќе стапи на функција, а од тоа остана само една голема лага?
Жерновски наместо да бара виновници за својата неспособност, треба да започне конечно да работи и да реализира барем еден проект кој го ветил пред локалните избори”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.




