Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кавадарчанец плаќа такса за осветлување од бандера која воопшто нема сијалица

0
By Нова ТВ on June 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 5, 2019 18:04

Во канцеларијата на Народниот правобранител секојдневие се апсурдните случаи во кои граѓаните се обесправени, еден таков случај е и неправдата со која се соочува кавадарчанецот Бранко Димков.

Тој со години плаќа комунална такса за улично осветлување каде што воопшто нема осветлување. Димков има лозов насад во атарот на местото викано Кртозов рид во кавадаречкото село Дреново.

– Се обратив право кај Народниот правобранител бидејќи прво поднесував молби до Општината, но залудно. Веќе десет години плаќам за улично осветлување кое не постои – вели Димков.

Фотографија од бандерата без сијалица за која Димков плаќа комунална такса за осветлување

Тој повеќе години имал реагирано писмено до надлежните во Општина Кавадарци да го ослободат од плаќање на уличното осветлување, но залудно. Затоа решил да се обрати до Народниот правобранител.

„На ненаселено место имаме броило за струја. Броилото се наоѓа во лозје. Целото тоа место е со ниви и лозја, нема никаква куќа и воопшто не е населено. Струјата ја користиме исклучиво за наводнување на лозов насад со електрична пумпа. За тоа си плаќаме и индустриска струја. До местото каде што е броилото се доаѓа по земјен пат што по автоматизам нема ниту нормален пат, ниту пак име на улица. На ниту една од бандерите нема ниту инсталација за улично осветлување, а камоли сијалици, што значи тотален мрак, а од Општина Кавадарци веќе 5 години ни наплатуваат улично осветлување по индустриска тарифа од 280 денари“ пишува во претставката која Димков ја поднел до Народниот правобранител.

Градоначалникот има поинакво мислење, речиси филозофско, а тоа е дека овој пример од Кавадарци треба да го преземат и останатите општини.

Јанчев смета дека јавното осветлување е општествена одговорност на граѓаните и дека тие мора да го плаќаат.

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци

Во писмениот одоговр на барањето на Димков, Општината цитира низа членови и ставови од Законот за комунални такси, според кој граѓанинот може да биде ослободен од плаќањето на комуналната такса, со што го поткрепува својот став дека Димков не може да биде ослободен од плаќање.

Сепак Општината во одговорот го заобиколува фактот дека на бандерата која се наоѓа во близина на неговиот лозов насад воопшто нема сијалица која би можела да осветлува, па поради која тој би требало да плаќа такса за осветлување.

– Не е спорно дека за секоја услуга што се користи, секој давател на таа услуга треба да бара таа да се плати, меѓутоа во случајов се бара да се плати за услуга што не се користи, ниту пак постои објективна можност да се искористи. Ставено е броило кое не е ниту на куќа , ниту на индустриски објект, и аналогно на тоа нема ниту систем за улично осветлување. Народниот правобранител смета дека околноста што станува збор за ненаселено место треба да биде причина граѓанинот и сите како него да бидат ослободени од плаќање на оваа такса, а не Општината по свое да си го толкува Законот дека само во населени места каде што нема воспоставено систем на улично осветлување, само таму луѓето можат да бидат ослободени – вели Зоран Билбилоски од канцеларијата на Народниот правобранител.

Димков вели дека не се откажува пред оваа неправда и дека ќе продолжи да бара начини да се избори за правдата и да престане да плаќа комунална такса за нешто што не го добива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.