“Кога во 2006 година Никола Груевски победи на изборите, перцепцијата беше дека тој успеал да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ. Но “денес неговиот мандат е карактеризиран од самоизолација, непотизам, осиромашување, невработеност и разнебитување на речиси сите сегменти на општеството, нетранспарентност, речиси формално постоење на повеќепартизам, корупција и “специјална” улога што ја игра администрацијата за безбедност и разузнавање што ја води блискиот роднина на Груевски Сашо Мијалков.”
Меѓународниот институт за Блискиот Исток и Балканот (ИФИМЕС) се седиште во Љубљана тврди, во својата анализа за Македонија, дека ЕУ е подготвена да биде медијатор во спорот со името доколку двете страни – Скопје и Атина – се обврзат да го почитуваат договорот но сметаат дека премиерот Груевски е тој што не го држи зборот.
Анализата смета дека политичката ситуација се интензивирала со патувањето на Али Ахмети во Вашингтон, Атина, Софија, Берлин, Париз, Хаг и Брисел но дека тие посети не донеле резултат. Ахмети не се сретнал со Џо Бајден туку само со Филип Рикер затоа што според САД овој политичар има скромно влијание во земјата но и дека нема поддршка од Албанците во САД кои сметаат дека неговата партија е корумпирана. Ахмети во Атина и Софија бил примен на највисоко ниво и од таму испратена порака до Груевски дека овој политичар е соговорник во Македонија со што сакаат да ја намалат критиката дека Грција и Бугарија не се подготвени да соработуваат за напредокот на Македонија кон ЕУ.
Анализата смета дека неговите патувања не можат да донесат решение на спорот ниту пак на недоразбирањата со Бугарија. Тие само ја зајакнале позицијата на Груевски и ја продлабочиле недовербата на Македонците кон Албаниците во земјата. Неговите патувања имале за цел да ги импресионираат гласачите Албанци кои од Ахмети бараат да ја подобри нивната ситуација кои од него бараат да ги исполни ветувањата коо не се исполнети и покрај тоа што ДУИ е во власта од 2002 до 2006 и од 2008 до денес. Тој не успеал да ја сопред албанската емиграција, не привлекол инвестиции а неговата партија е вовлечена во криминал и корупција.
Друго објаснување за патувањата на Ахмети се, вели ИФИМЕС, од приватна природа. Ахмети се соочува со опасноста дека обвинувањата на корупција кои се случуваат во Македонија може да ги допре неговите соработници. “Лидерите на ДУИ во Скопје и Куманово се верува дека се длабоко вовлечени во организиран криминал и соработка со локлани радикални исламисти”. Оттука Ахмети верува дека треба да добие поддршка од надвор за да може да биде првиот македонски претседател Албанец на следните избори со поддршката на Груевски. Со тоа Ахмети би го оставил местото во владата на ДПА и би дал оставка во ДУИ, партија која се распаѓа.
Ова сценарио би му овозможило на Ахмети, заедно во Муса Џафери и Фатмир Бесими имунитет при истрагите за корупција кои би се отвориле доколку земјата отвори преговори со ЕУ. Според ИФИМЕС такви амбиции има и Теута Арифи која не е многу популарна кај Албанците но затоа има поддршка во меѓународната заедница и кај Македонците.
Заклучокот на анализата е дека Македонија се соочува со предизвик за дезинтеграција. И покрај позитивните сигнали за развој, некои земји се дезинтегрираат, вели ИФИМЕС.
“Проблемите се јавуваат кога механизмите кои го рефлектираат мултиетничкиот карактер на општеството се етаблираат во властите на државата, што значи дека проблемот лежи во функционирањето на мултиетничкото општество. Македонија како држава не е подготвена да функционира според принципите на мултиетничко општество. Наместо да се стреми да ги реши овие проблеми, државата Македонија не ја менува реалноста- концептот на етноцентризам – туку само реториката во таа насока. Преку својата структура Македонија не е национално туку мултиетничко општество и како такво треба да воспостави национална рамнотежа”, вели анализата.




