НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црната дупка на „Чиста Македонија“

0
By Биљана Секуловска on June 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комитите ви се како султанот од Брунеи кој побара смрт за хомосексуалците- победата на Вардар повторно ги запали анималните пориви- би вовеле смртна казна за Албанците, би ја исчистиле Македонија за да живеат сами во сопствената црна дупка, затоа што таа казна секако дека мора да биде драконска. Каменување до смрт добро звучи, говорат нивните поддржувачи низ социјалните мрежи, посакувајќи сепак и посурова казна од таа, замислени во сомнежот дека страдањето никогаш не е доволно задоволувачко за џелатите.

Сепак, македонскиот дел на садисти, го проколнува денот кога светот се крена против Хасанал Болкија, брунејскиот султан, кој по притисокот од светот мораше да се повлече од силната желба да доделува смртни казни за сите оние кои се хомосексуалци, но тоа не беше доволно- во списокот влегоа и прељубниците и силувачите.

Ова е мала земја, богата со нафта и деспотски закони, Шеријатскиот закон се применува од 2014 година на национално ниво, кој според султанот, обезбедува мир и хармонија.

Но, овој Закон не значи само почитување на исламскиот код- да станат подобри луѓе преку давање на сиромашните, молитви и пост.

Се оди и подлабоко, колку што повеќе садистички се внесол господарот на оваа мала земја заробена од овој султан,  што подразбира ужасни казни- каменување до смрт, бичување, ампутирање на одредени делови од телото, целосно изживување. Тарик Рамадан, проминентен мислител кој се смета за икона во дел од муслиманскиот свет, одамна побара мораториум за овие казни, затоа што во денешниот свет се невозможни, во услови кога биле пропишувани за законски.

Но, Тарик Рамадан не ги познава добро вжештените глави кои ги запоседнале  исто така и големите Комити, кои основата на сопственото постоење ја базираат врз омразата на поинаквите од себе.

Тие, поинаквите од нив, во кои секако дека влегуваме, во принцип во оваа земја и се горди што немаат никакви допирни точки со овие црни дупки во главите на луѓето кои мразат.

Метата најчесто и традиционално се хомосексуалците и Албанците, за кои секогаш на репертоарот се наоѓаат гасни комори и каменувања, камшикувања и дерење живи луѓе, важно е да се обезбеди најужасната варијанта за измачување до смрт.

Колку што се поголеми заканите, толку е попарализирачки стравот на овие брунејски следбеници, страв дека се само неколку, толку сами и осамени, што дури и камењата што им ги запоследнале главите им се смеат за незнаењето дека секогаш тие од блиску доаѓаат, неочекувано како бумеранг им го покажуваат патот, каде навистина припаѓаат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.