Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев во Берлин по поддршка од Меркел за датум за преговори

0
By Нова ТВ on June 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 12, 2019 09:03
Премиерот Зоран Заев  во пресрет на самитот на Европскиот совет што треба да се одржи на крајот од јуни во Брисел, на кој треба да се утврди датум за пристапни преговори на нашата земја со ЕУ, денеска заминува во посета на Германија каде очекува позитивна порака од канцеларката Ангела Меркел во однос на добивањето на датумот за преговори.
Канцеларката Ангела Меркел, Германија и сите 28 земји членки на ЕУ се конечно позитивни за Република Северна Македонија. Петнаесет години го чекаме овој датум за почеток на преговорите. Заслуживме како никогаш досега. Верувам дека на крајот ќе добиеме конкретна верификација и од канцеларката, но и од Европскиот совет, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.

Прашан што очекува од средбата со канцеларката в четврток, Заев посочи дека сто проценти се потврдени нашите перформанси во делот на реформите и блескавоста на договорот со Бугарија и Грција се конечна потврда дека ние исполнивме се и дека суштината е кога исполнивме се и Европската Унија тоа што го вети треба да го исполни.

– Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули, изјави Заев.

На прес конференцијата со чешкиот премиер вчера, Заев рече дека политичките одлуки во земјата за тоа дали ќе има реконструкција на Влада или предвремени избори ќе зависат токму од одлуката на Европскиот совет, како и од пораките и јасното соопштување за извесните чекори коишто ќе му ги пренесе канцеларката Меркел.
Најави дека по средбата со Меркел во четврток, веројатно идниот викенд ќе следи седница на Централниот одбор на СДСМ, дека се постојано во координација со коалициските партнери и во зависност од одлуката на парламентарното мнозинство и дали тоа ќе се додржи така ќе ги носат одлуките.

-Транспарентни сме до самиот крај. Верувам дека јуни месец ќе ги заокружи  сите овие политички одлуки дома затоа што се што работиме е заради интеграциите во ЕУ и НАТО кои ни влијае комплетно позитивно на економските процеси и  реформите, рече Заев.

Работната посета на премиерот Заев на Берлин е на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа. Според најавата од владината прес-служба, Заев ќе предводи делегација на годишниот прием на Стопанската комора на Германија за источна Европа на кој ќе има свое обраќање.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.