Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск: Можна е само една одлука–почеток на преговорите, не е прашање дали туку кога

0
By Нова ТВ on June 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 12, 2019 13:12

Лично верувам дека е можна само една одлука – почнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во ЕУ според препораката на Европската комисија, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во Брисел.

– Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте се што се очекуваше од вас, но да бидам искрен – не сите земји членки на ЕУ се подготвени да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во наредните денови. Прашањето е не „дали“, туку „кога“ ќе почнат. Внимателен сум за ова прашање бидејќи знам дека некогаш постигнувањето консензус меѓу 28-те земји членки трае подолго отколку што јас би сакал. Но, нема сомнеж дека местото на вашата земја и на регионот е во ЕУ, нагласи Туск.

Изборот на Пендаровски и неговата прва посета на Брисел, Туск ја оцени како високо симболични и извор на надеж за земјата и за целиот регион.

– Прво, Вашата неспорна изборна победа покажа нова верба на граѓаните и политичките сили во демократските процеси и создаде добра база за институционална стабилизација. Второ, изборите ја потврдија евроатланската ориентација на земјата. Изборите беа и референдум за меѓуетничкото помирување и добри односи со соседите и вие тој тест го поминавме успешно. Договорите со Бугарија и Грција се историски, и пример што треба да го следат и другите во регионот и пошироко.

Претседателот Пендаровски на прес-конференцијата кажа дека по исполнетите задачи, Северна македонија не бара незасужена награда, туку заслужена шанса да изградиме европска држава со праведно, хумано и напредно општество. Посочи дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка определба на државата и на огромното мнозинство граѓани.

– Пред две недели го добивме најдобриот и најпозитивниот извештај на ЕК за нашата земја. Не само што добивме чиста препорака за почеток на прероговите туку бевме посочени како светол пример во Западен Балкан. Тоа го направивме со решавање на децениски прашања. Донесовме храбри одлуки за многу чувствутелни прашања за нашите граѓани со цел да ја отстраниме најголемата пречка во процесот на зачленување и во ЕУ и во НАТО. Со договорот за добросоедство со Бугарија и со Спогодбата од Преспа се ослободивме од товарот во минатото. Северна Македонија е единствената земја во регионот која веќе нема отворени прашања со соседите. Покрај тоа испорачување реформи во многу клучни области и се усогласуваме со политиката на ЕУ. Свесни сме дека се потребни уште реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка, истакна Пендаровски.

Потсети на улогата на земјата во справувањето со мигрантската криза во 2016, а со тоа и во зачувувањето на европската безбедност.

– Со тоа покажавме дека сме цврсти европски партнери. Овој јуни ЕУ има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на целиот наш регион – со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија, порача Пендаровски на заедничката прес-конференција со Туск.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.