Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: СДСМ нуди предлог мерки за подобрување на животниот стандард

0
By Нова ТВ on November 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 12, 2013 15:27


Над 30 проценти од граѓаните во нашата земја денес живеат во тешка сиромаштија. Најбогатите 20% од граѓаните во Македонија располагаат со доход колку и сите останати 80% од граѓаните. Додека граѓаните едвај преживуваат, во изминатите неколку години во Македонија се создаде исклучително богата партиска олигархија блиска до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, соопшти на денешната прес-конференција Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Тој истакна дека основна цел на новата програма на СДСМ е враќање на средната класа во државата и подобрување на условите за живот на сите граѓани. СДСМ нуди предлог мерки и решенија за подобрување на животниот стандард и на социјално загрозените граѓани, сиромашните и останатите ранливи групи.

Заев промовираше некои од мерките на СДСМ во делот на социјалната политика на партијата:

1. Можност за докуп на стаж и воведување на државна социјална пензија

Во Република Македонија има илјадници граѓани кои се постари од 65 години, но кои не примаат пензија, бидејќи не го исполнуваат законскиот минимум. Овие граѓани многу често се оставени без какви било приходи. За нив, СДСМ ќе ги превземеме следните мерки:

На оние граѓани на кои им недостасуваат до 5 години работен стаж за да стекнат право на пензија, ќе им овозможиме да извршат докуп на тој стаж;

За граѓаните коишто нема да извршат докуп на стаж и не се корисници на каква било парична помош од државата, владата на СДСМ ќе воведе државна социјална пензија. На почетокот таа ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија.

Со тоа, овие граѓани ќе имаат двојна корист – ќе добијат финансиска поддршка и ќе се здобијат со статусот пензионери, со што ќе можат да учествуваат во активностите на пензионерските здруженија и да ги имаат придобивките од тоа како и другите пензионери.

2. СДСМ ќе овозможи заминување во пензија со 35 години стаж за жени и 40 години за мажи

Во однос на критериумите (основата) за пензионирање, владата на СДСМ ќе овозможи враќање на старото решение за заминување во пензија со работен стаж од 35 години за жените и 40 години за мажите. Така, ќе се создадат 2 услови за стекнување на право за пензионирање: врз основа на старост (постојно решение), и врз основа на работен стаж (ново, дополнително) решение.

3. Новини во однос на определувањето на висината на пензијата

Во соработка со здруженијата на пензионерите, ќе го промениме начинот на усогласување на висината на пензиите. Сега, врз висината на пензиите подеднакво влијаат промената на трошоците на животот и промената на платите. Во иднина, висината на пензиите ќе зависи повеќе од промената на трошоците на животот, а помалку од промената на платите. Тоа е добро за пензионерите, бидејќи во поголема мерка ќе се сочува нивната куповна моќ;

Во соработка со здруженијата на пензионерите, владата на СДСМ ќе воведе „пензионерска потрошувачка кошничка“, која ќе служи како основа за следење на трошоците на животот на пензионерите. Тоа е исто така поволно за пензионерите, бидејќи пензиите ќе се усогласуваат со промена на цените на оние стоки и услуги што самите пензионери ќе ги оценат како најважни за нивната потрошувачка;

Ќе го скратиме периодот за усогласување на висината на пензиите. Наместо постојното решение за усогласување на висината на секои шест месеци, висината на пензиите ќе се усогласува на секои три месеци. Тоа е особено поволно за пензионерите, бидејќи ќе овозможи побрзо приспособување на пензиите. Така ќе се избегне сегашната ситуација, каде основните животни продукти често поскапуваат за краток период, а пензионерите мора да чекаат половина година за да им се зголеми пензијата;

4. Владата на СДСМ ќе ја зголеми социјалната помош за 40% во рок од 4 години

Секоја година, владата на СДСМ ќе ја зголемува социјалната помош по 10% годишно. Во рок од четири години по доаѓањето на власт, тоа ќе значи зголемување на висината на социјалната паричната помош за 40%.
Тоа зголемување ќе се однесува на:

корисници на социјална парична помош
корисници на постојана парична помош
постојана парична помош за корисниците неспособни за работа и материјално необезбедени и
паричниот надоместок за нега и помош од друго лице.

5. Идната влада на СДСМ ќе донесе посебен закон за правата на лицата со посебни потреби,

„Ќе донесеме закон за правата на лицата со посебни потреби кој темелно и на системски начин ќе влијае врз многу витални области од животот на овие наши сограѓани. Со тоа ќе бидат решени повеќе проблеми со кои се соочуваат тие граѓани: од решенија за проблемите со кои секојдневно се соочуваат во облик на физички бариери, административните бариери и обасправеноста, преку нивното работно ангажирање, па сè до нивно поголемо вклучување во сите општествени текови“, вети првиот човек на опозицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.