Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стразбур отфрли тужба од малолетни мигранти против неколку земји-меѓу нив и Северна Македонија

0
By Нова ТВ on June 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 13, 2019 13:14

Во денешната пресуда на Првиот советот на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во предметот Ш.Д. и други против Грција, Австрија, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Србија и Словенија (жалба бр 14165/16), која се однесуваше на условите за престој на пет авганистански непридружувани малолетни лица-мигранти во Грција, Европскиот суд за човекови права, донесе едногласна пресуда со која се вели дека Грција ја прекршила, додека другите земји не ја прекршиле Европската конвенција за човекови права, јави МИА од Стразбур.

Судот од Стразбур заклучува дека делот од жалбата кој се однесува против Австрија, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Србија и Словенија е недопуштена, односно очигледно неоснована. Но, аргументите насочени против Грција и во членовите 3 и 5 § 1 од Европската конвенција за човекови права се допуштени.

Притоа, ЕСЧП вели дека во однос на Грција има повреда на член 3 (забрана на нечовечко или понижувачко постапување) на Европската конвенција. Прво, Судот утврди дека условите за притвор на кои беа изложени тројца од жалителите во различни полициски станици се совпаѓаат со понижувачко постапување кон нив, истакнувајќи дека притворот во овие места може да предизвика чувства на изолација од надворешниот свет со потенцијално негативни последици врз нивната физичка и морална благосостојба. Второ, Судот утврди дека властите не го направиле она што разумно може да се очекува од нив да ја исполнат обврската за поддршка и заштита на четворица жалители – кои живееле еден месец во кампот Идомени во несоодветна околина, како малолетници – кои во голема мера се грижа на грчката држава за оние кои се особено ранливи поради нивната возраст.

Судот исто така констатира од страна на Грција повреда на член 5 § 1 (право на слобода и безбедност) во врска со тројца жалители. Судот утврди дека ставањето на трите жалители во полициските станици се сведува на лишување од слобода, грчката Влада не објаснува зошто властите најпрво ги ставиле во полициските станици – и во деградирачки услови на притвор, а не во други места на привремено сместување. Притворањето на овие кандидати не било законско, се вели во пресудата.

Станува збор за случај од 2016 година. Притоа грчката држава на жалителите треба да им исплати 4.000 евра на еден и по  6.000 евра на четворица други жалители за морална штетат и по 1.500 евра за трошоци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.