Не посакувам и се надевам дека нема да се повторат настаните и опозицијата ќе има доволно свест и разум и ќе извлече поука од минатото, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Ова е одговорот од премиерот Никола Груевски на новинарското прашање дали очекува да се повторат настаните од 24 декември со оглед на тоа што Буџетот за 2014 година утре е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Тој денеска најави три нови странски инвестиции со кои ќе се отворат нови работни места за македонските граѓани.
Голема европска компанија ќе инвестира во дејност поврзана со телекомуникациите, а останатите две компании ќе инвестираат во медицинската индустрија.
Премиерот Никола Груевски денеска информираше дека и за идната година е предвидено бесплатна бањска рекреација за пензионерите.
– Досега околу 20.000 пензионери ја искористија оваа можност, а за следната година повторно имаме планирано 30 милиони денари, што значи дека околу 5.500 лица ќе можат да ги искористат бањско-рекреативните центри, потенцира премиерот Груевски.




