Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заклучоците за Северна Македонија постојано се менуваат-ќе одлучат ЕУ министрите

0
By Нова ТВ on June 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 14, 2019 14:38

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ се во постојан контакт и разговараат за заклучоците за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, а не се исклучени нови состаноци во текот на овој викенд.

Со оглед на политичката чувствителност на прашањето, конечната одлука ќе ја донесат министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник, брифираат за МИА извори во Советот на ЕУ.

За сега на амбасадорско ниво се произведуваат редовно нови нацрт-заклучоци за претстојниот министерски совет во вторник.

– Последната верзија за Северна Македонија и за Албанија гласи дека земјите членки на ЕУ ќе се навратат на прашањето со изгледи за носење позитивна одлука во најкус можен рок и не подоцна од септември 2019, дознава МИА од дипломатски извори.

Според дипломати присутни на амбасадорскиот состанок во средата во Брисел, „огромно мнозинство“ земји членки сакаат да видат позитивни заклучоци, посебно за Северна Македонија, на Советот на 18-ти јуни во Луксембург, но разликите во ставовите сѐ уште не се надминати.

-Во овој момент се дискутира за тоа како да му се пристапи на ова прашање, а воедно да се земе предвид германскиот Парламент кој има свои рокови, и пробуваме да имаме некаков исход, и него што подобро да го изменаџираме, велат извори во Советот на ЕУ за МИА, коментирајќи ги наводите на други дипломати кои не ја исклучуваат можноста, поради отсуство на консензус, да се одложи дебатата за проширувањето најрано на следниот месец.

Романското претседателство има обврска да ги следи ланските заклучоци во кои министрите се заложија да се навратат на ова прашање на Советот за општи работи овој месец, објаснуваат дипломатите.

-Имаме рок да се навратиме на ова во јуни и да донесеме одлука за следните чекори и за извештаите на Европската Комисија, има дискусии сега во Бундестагот  за зелено светло за преговори со Албанија и Северна Македонија, велат од романското претседателство.

Во овој момент, „повеќе опции се на маса“, но детали слабо протекуваат, иако никој не ја негира, но не ја ни потврдува, можноста од одвојување на Скопје и Тирана во конечните заклучоци во вторник во Луксембург.

-Постои признание дека има разлики помеѓу двете земји, вели еден дипломат за МИА, но за сега во нацртите не се одвојуваат, додаваат од Советот.

Разликите се темелат пред сѐ на самите наоди на Европската Комисија во последните извештаи за напредокот на земјите од регионот, каде за Албанија, и покрај препораката за почеток на преговори, се констатираат сѐ уште одредени слабости, како отсуството на политички дијалог и недоволни напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Земјите-членки се исто така свесни дека Северна Македонија е во посебна положба поради склучувањето и ратификацијата на Преспанскиот договор, кој мора да биде награден на некаков начин.

 И покрај отпорот на одредени земји членки, дипломати за МИА брифираат дека одвојувањето на Тирана и Скопје останува можна опција, веќе во јуни или јули, посебно откако холандскиот Парламент пред неколку дена гласаше против датум за преговори со Албанија, но не и со Северна Македонија.

По гаранциите добиени од страна на германската канцеларка Ангела Меркел вчера на средбата со премиерот Зоран Заев во Берлин, се врати надежта дека веќе во јуни е можно да се издејствува сериозен политички сигнал за датумот за преговори.

-Оваа средба и оваа порака на Меркел е многу важен сигнал, и доаѓаат по состанокот на амбасадорите, така што би можеле да видиме ново придвижување во наредните денови, не се исклучува можноста од нова вонредна амбасадорска средба во текот на овој викенд на оваа тема, вели дипломатски извор во Советот за МИА.

Една од варијантите за заклучокот во јуни, за која притискаат неколку земји членки, е да се даде гаранција за почеток на процесот на преговори и да и се додели мандат на Европската Комисија за изготвување на преговарачката рамка, опција која минатата година беше експресно отфрлена од страна на Франција.

Доколку на 18-ти јуни земјите членки постигнат консензус за ваков заклучок во кој се споменува изготвување на преговарачка рамка со Македонија, и евентуално одржувањето на првата меѓувладина конференција (која го означува стартот на преговорите), тоа би било недвосмислена порака дека Северна Македонија влегува во преговарачкиот процес со ЕУ со јасна перспектива, сметаат поддржувачите на проширувањето во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.