Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една третина од младите имаат силна желба да ја напуштат државата

0
By Нова ТВ on June 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 17, 2019 16:25

Една третина од младите имаат силна желба да ја напуштат државата покажува  последната студија на фондацијата Фридрих Еберт. 27 проценти рекле дека имаат слаба желба да емигрираат, а 26 проценти дека немаат намера да ја напуштат државата. Трите главни причини за иселувањето на младите од Македонија се  подобар животен стандард, подобри можности за вработување и подобро образование.

– Тој податок дека процентот е висок е делумно точен, меѓутоа не е тоа бројката на млади кои преземаат било какви чекори односно се сигурни во тоа дека сакаат да ја напуштат земјата, што значи дека доколку им се укажат можности за подобрување на животниот стандард, голем дел од нив би останале, вели Нита Старова од Фондацијата Фридрих Еберт.

Како проблеми во општеството, младите ги посочиле  корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Иако сакаат да се образуваат,тие сметаат дека за вработување повеќе ќе им помогнат врските отколку знаењето. Германија е дефинитивно најпосакувана дестинација за иселување, а по неа следи Швајцарија, покажува студијата.Речиси половина од испитаниците се незадоволни со квалитетот на образовниот процес во Македонија. Дел од причините за незадоволството може да се детекираат во перцепцијата за употребливоста и корисноста на стекнатото знаење.

Младите најмногу сакаат да работат во јавниот сектор (45%), поради „сигурното работно место без страв од отпуштање“ .Среќата е меѓу првите три фактори за наоѓање работа (на прво место се „врски и пријатели“, на второ место „врски со моќни луѓе“).

– Тие покажуваат висока мотивација за учење меѓутоа се загрижени дали ќе најдат работа по завршување на образованието. Преферираат високо образование. за вработување сметаат дека повеќе ќе им послужи да имаат контакти и врски за да се вработат, отколку што тоа ќе го направат квалификациите и завршеното образование, изјави Марија Топузовска Латковиќ  од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Студијата исто така покажа дека дури 91 % од младите не простојувале во странска земја подолго од 6 месеци. Ако се имаат предвид и одговорите на  прашањето колку често престојуваат во странство (1,94 – на скала од 1-никогаш до 5-многу често), може да се констатира дека младите луѓе во Македонија генерално ретко патуваат надвор од земјата, што значи дека нивните очекувања за животот во странство не се базирани врз лично искуство.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ, на денешната презентација на резултатите од „Студијата за млади на Северна Македонија“, апелираше до министерот за образование и наука Арбер Адеми, што поскоро да се посвети и да го стави како приоритетно прашање за реконструкцијата на студентските домови.

– Има финансиски средства во буџетот предвидени за реконструкција на студентските домови, но не се прави доволно. Апелирам директно до министерот за образование и наука, што поскоро да се посвети и да се стави како приоритетно прашање реконструкцијата на домовите, нагласи Туфегџиќ.

Посочи дека резултатите од студијата укажуваат дека долго време институциите биле затворени за младите луѓе во процесот на креирање политики.

– Бидејќи таквиот пристап обесхрабрува, креираме законско решение со вклученост на сите страни за понатаму во пракса се имплементира на начин на кој што ќе имаат активно учество во процесите на креирање политики, рече таа.

Студијата опфаќа и податоци што младите прават во слободно време.  Иако сакаат да живеат во друга земји, сепак тука слободното време го трошат  на социјалните мрежи , а помалку на активизам.

Студијата за млади на Фондацијата Фридрих Еберт е направена по втор пат. Првата анализа беше изготвена пред 5 години.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.