Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прослава без Споменикот на стреланите скопјани, кој го тргнал никој не знае

0
By Влатко Чаловски on November 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2013 12:55


Споменикот на стреланите Скопјани го нема покрај камениот мост. На Денот на ослободувањето на град Скопје, граѓаните нема кај да положат цвеќе за деветмината невооружени загинати граѓани, кои платија со животот за својот град.

За тоа каде е релјефот, и дали и кога ќе биде вратен на истото место, НОВА разговараше со претседателот на Општинскиот одбор Центар при Сојуз на Борците како и со општина Центар, кои заедно потпишале договор на 29 март 2010 година за релокација на истиот.

Оттаму соопштуваат дека не знаат кој го срушил објектот, а релјефот од него се чува во магацините на Центар и ќе биде предаден тогаш кога одговорниот ќе го врати споменикот.

Побаравме одговор за тоа кој е одговорен и од град Скопје, но оттаму не упатија одговорот да го бараме во општина Центар.

„Општина Центар е инвеститор на плоштадот Карпошово востание и само тие може да Ви одговорат кога ќе заврши проектот и кога ќе ги исполнат обврските од спогодбата со боречката организација“, стои во одговорот од град Скопје.

Според неофицијални наводи, споменикот е тргнат од фирмата која ги извршува градежните активности на плоштадот „Карпошово востание“. НОВА побара одговор од двете најголеми градежни компании, „Гранит“, односно „Бетон“.

Од „Гранит“ беа децидни дека тие не ги извршуваат градежните активности на тоа место, додека од „Бетон“ ни потенцираа дека само директорот може да даде изјава на таа тема, но дека во моментов е на пат и не се можност да ни дадат одговор.

На 13 ноември пред 67 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација, а по разговорот со граѓаните низ улиците на Скопје, тие велат секогаш ќе им останат во сеќавање 9мината загинати и покрај тоа што годинава ќе се прославува без нивното спомен-обележје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.