Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех

0
By Нова ТВ on June 18, 2019 ВЕСТИ
Getty
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 18, 2019 10:36

Офанзивата на македонските политичари во германските медиуми продолжува и денеска со колумна на министерот за надворешни работи Никола Димитров за ФАЦ. Откако вчера Димитров и премиерот Зоран Заев имаа одвоени интервјуа во два високо тиражни германски весници, шефот на дипломатијата денеска уште еднаш, овојпат преку личен осврт, пледира за приближување на земјата кон ЕУ.

„Европската комисија по десетти пат препорача отворање на преговорите за пристап со Северна Македонија. Тоа е признание на големиот напредок што го направивме. Тоа треба да се признае. Успешните приказни се ретки во Европа. Ние немаме луксуз да ги игнорираме. ЕУ сега има одлична можност да ги зајакне својата потпора и својот кредибилитет. Позитивна одлука за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија ќе испрати сигнал дека ЕУ наградува храбри, решителни и тешки чекори кон помирување и напредок. Во спротивно, ЕУ ќе испрати сигнал на слабост кон Балканот. Дополнително, отфрлањето од ЕУ ќе ја наруши веродостојноста на проевропските сили во Северна Македонија и во целиот регион.
Националистичките, популистичките и авторитарните тенденции ќе зајакнат. Тоа би било обесхрабрувачко и за оние кои се обидуваат да ги решат другите билатерални конфликти во регионот“, пишува Димитров.

Шефот на дипломатијата натаму наведува дека шансата за приближување кон ЕУ била поттик за спроведување на клучни реформи во делот на борбата против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото и слободата на медиумите во земјата.

„Динамичен и веродостоен курс за проширувањето на ЕУ е предуслов за амбициозните реформи.
Тоа не значи дека ние го гледаме членството во ЕУ како цел сам по себе. Ние добро разбираме дека денес или утре нема да станеме членки на ЕУ. Хрватска преговараше повеќе од седум години пред да се придружи. Но, самиот почеток на преговорите го гледаме како најдобар патоказ за постигнување на нашата цел, да станеме стабилна европска демократија. Почетокот на разговорите ќе ја најави следната фаза од нашата домашна трансформација“.

„Обединета Европа навистина не може да се нарече обединета ако го исклучи Балканот. Процесот на проширување не смее да биде попречен од внатрешниот развој на ЕУ или обратно – овие процеси треба да се надополнуваат еден со друг. Достигнувањата на Северна Македонија треба да бидат наградени како пример за регионот. Носителите на политички одлуки треба да помогнат овие достигнувања да станат неповратни“, пишува Димитров за ФАЦ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.