Published: Wednesday, November 13, 2013 13:26
Уште 20-тина предмети недостасуваат од депоата на Музејот на Македонија, соопштуваат од МВР. Тројца кустоси пријавиле дека недостасуваат предмети и од нивните збирки, со што бројот на исчезнати вредни артефакти се искачи на 80.
.jpg)
Полицијата се уште не утврдила кога се случила кражбата и кои се сторителите.
Кражбата беше пријавена кога двајца кустоси од Музејот утврдиле дека предметите недостасуваат од збирките коишто ги должеле.

Минатата недела од Музејот исчезнаа вредни предмети, а инспектори од Министерството за култура сеуште утврдуваат што се недостасува во музејското депо.
.jpg)
*ова се дел од предметите кои првично беа пријавени дека недостасуваат, објавени од МВР




