Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско грозје полно со отровни хемикалии повлечено од маркетите во Франција

0
By Нова ТВ on November 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2013 16:56

Автори: Менче Атанасова-Точи и Сашка Цветковска

Македонско грозје полно со отровни хемикалии повлечено од маркетите во Франција

Франција пред една недела повлекла од маркетите македонско грозје поради недозволено количество на пестициди, стои во известувањата на системот за брзо предупредување при појава на небезбедна храна при ЕУ.

Според информацијата објавена во системот, француските власти откриле токсичното грозје при случајна контрола во маркетите, по што веднаш, според информацијата било препорачано повлекување на грозјето од пазарот. Во македонското грозјето биле најдени количества над дозволеното од хемиските супстанци диметоат и ометоат кои се користат како пестициди. Грозјето во Франција било на пазарот од септември годинава, а контролата била извршена на 6 Ноември, односно минатата недела.

Точно пред една недела изби сканал и со 34-те тона краставици полни со пестициди кои Хрватска ги детектира уште на граница и го забрани увозот во земјата.

Но, иако во Хрватска се забранети за употреба краставиците од типот корнишони, очигледно тие се добри за македонскиот пазар. Резулатите од анализите покажале дека нивото на опасната хемикалија, пестицидот хлорпирифос е во границата на дозволеното тврдат за НОВА од Институтот за јавно здравје во чија лабораторија се направени анализите. Фитосанитарните инспектори овие мостри ги земале од краставиците кои биле затекнати во складот на фирмата на која Хрватска и ги врати двете пратки краставици поради преголема количина пестициди, но и од плантажата на производителот.

– Испитувањата покажаа дека нивото на пестициди од земените мостри се во границите на дозволеното тврдат за НОВА од Институтот за јавно здравје.

Сепак, официјален документ не добивме ниту од Институтот за јавно здравје во чија лабораторија се вршат анализите, ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство. НОВА уште пред два дена ги побара на увид сите документи за овој случај од Агенцијата, но одговор сеуште нема. Државниот земјоделски инспекторат најави казни за фирмата извозник и оранжеријата, за кои македонските медиуми тврдат дека се од струмичко..

Законот предвидува казна од 1.200 евра, додека пак одговорното лице ќе треба да плати од 2.000 до 6.000 евра.

Надлежните сеуште не сакаат да го соопштат името на фирмата тврдејќи дека тоа воопшто не е важно. Во јавноста, се појавија шпекулации дека станува збор за обични краставици кои се по потекло од Албанија бидејќи домашните призводители немале доволно од последната берба за да можат да извезуваат. Но, бидејќи станува збор за крставици за конзервирање од типот корнишони, како што потврдија за НОВА во Агенцијата, ситуацијата станува уште по драматична.

Земјоделските производители од струмичко кои ги контактираше НОВА велат дека корнишони има и премногу но македонскиот пазар, а 99 проценти од земјоделците не се едуцирани колкави количини пестициди треба да ставаат и во која фаза на бербата треба да го направат тоа. Нашите соговорници велат дека земјоделците неодамна биле во паника поради штетник кој им ги уништувал оранжериите со краставици. Но, ова треба допрва да се испитува, а Агенцијата за храна и Министерството за земјоделство треба да им ја објаснат ситуацијата на граѓаните.

Ова ја отвора дилемата колку призводите што ги јадеме се квалитетни, имаат ли во себе пестициди во рамките на дозволеното или работите излегуваат од контрола. Особено што во мај годинава и Русија предупреди на преголемо количество на пестициди најдени во јаболката кои беа увезени од Србија, а за кои српската Стопанска комора подоцна тврдеше дека се од нелегален увоз од Македонија.

Ако се разгледаат соопштенијата на системот за брзо предупредување на европската унија причината поради која зеленчукот и овошјето произведено во Македонија се враќаат од ЕУ најчесто е прекумерна употреба на отрови, односно пестициди.

Годинава во април исто така биле повлечени јаболка полни со пестициди од пазарот во
Романија.

Минатата година во замрзнато пакување школки со потекло од Грција, но дистрибуирани преку Македонија е најдена бактеријата Салмонела. Компанијата од Франција која увезувала грчки замрзнати школки преку Македонија сама ја пронашла бактеријата при нивна сопствена контрола на производот и ја известила Европската унија.

Во 2012 Словачка повлекла сладолед од Македонија поради присуство на тешки метали, а во Словенија биле повлечени македонски домати во кои било најдено прекумерно количество на дури 5 различни отрови кои се користат во пестицидите. Најмногу се повлекувале јаболка и грозја поради присуство на недозволени количества пестициди, а имало случаи кога во готови производи, како бонбони и сладоледи биле пронаоѓани остатоци од инсекти и инсектициди.

Европската унија има два система за брзо предупредување во случаи кога на пазарот се најдени производи кои се опасни по здравјето на човекот. Едниот систем (РАСФФ) се однесува на небезбедна храна, додека другиот (РАПЕКС) на генерално небезбедни продукти, како хигиенски производи, играчки, мебел, бела техника итн. Системот на

РАПЕКС е еден од најтранспарентните системи каде што европските власти известуваат точно кој производ од која компанија и кој бренд е небезбеден, поради што е небезбеден и што се случува со него во моментот (дали е уште на пазарот, дали е повлечен, уништен и сл). На

Со системот РАПЕКС дури шест популарни бренда автомобили биле повлечени од пазарот.

Македонските власти велат дека ги следат системите за брзо предупредување на Европската унија, но кај нас, се уште нема јавни дојави доколку одреден производ е најден
за небезбеден или отровен, или пак ги измамува потрошувачите, а се наоѓа на пазарот.

Што точно претставуваат системите за брзо предупредување можете да погледнете во
репортажата на емисијата Еврозум.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.