Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на бегалците: Поддршка за достоинствен живот без страв

0
By Нова ТВ on June 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 20, 2019 10:52

Денеска се одбележува Светскиот ден на бегалците. На овој ден, светот се сеќава на тешкотиите на милионите бегалци кои се приморани да ги напуштат своите домови за да се спасат себе си и своите деца.

Ова исто така е и ден за подигање на јавната свест за придонесот што бегалците го даваат на општествата и на заедниците кои ги примаат ширум светот.

На овој Светски ден на бегалците, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР, повторно ја истакнуваат заложбата дека ќе ги штитат луѓето кои се принудени да избегаат и ќе ги поддржат во нивната борба за достоинствен живот без страв.

Во знак на солидарност со бегалците, тврдината Кале вечерва ќе биде осветлена во сина боја. Осветлувањето на тврдината, што се спроведува со поддршка од Градот Скопје, ќе трае до крајот на овој месец.

-Осветлувањето на тврдината Кале е своевиден симбол на солидарноста и поддршката кон бегалците – една од најранливите категории на луѓе на планетата, од кои половина се деца. Сината светлина исто така е потсетник на сите дела на солидарност кои македонските граѓани ги покажаа кон бегалците во текот на изминатите децении. Се надевам дека овој дух на солидарност ќе продолжи да живее кај нашите граѓани и ќе инспирира уште повеќе луѓе да ја изразат својата поддршка за бегалците. Ова е особено важно во време кога говорот на омраза и ксенофобијата создаваат вести. Сакаме да демонстрираме поинаков наратив – наратив на толеранција, на поврзаност, на заеднички вредности, изјави министерот Никола Димитров.

-Секоја година на овој ден повикуваме на солидарност со бегалците. Оваа година го покануваме секој човек, поединечно и колективно, да направи конкретни чекори за да покаже поддршка за луѓето кои немале друг избор освен да избегаат од своите домови. Личниот пример е најсилниот придонес што можеме да го дадеме за да изградиме подобро и поинклузивно општество во кое никој нема да биде изоставен, вели претставничката на УНХЦР во земјава, Моника Сандри, по повод заедничкото одбележување на Светскиот ден на бегалците во 2019 година.

Светот на солидарност, хуманост и добрина започнува од секој од нас. Придружете ѝ се на кампањата на УНХЦР на страницата stepwithrefugees.org за да им покажете на бегалците дека ја имаат вашата поддршка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.