“Доколку Советот не одреди датум за преговори во Македонија веројатно следниот ден сонцето ќе изгрее исто како и пред Советот. Ние нема да чекаме ништо. Ќе продолжиме да работиме како што работиме и досега. Во земјата спроведуваме сериозни и крупни промени, реформи и многу модернизации во многу сектори. Тоа ќе продолжиме да го правиме и понатаму, а паралелено ќе работиме и на планот за надминување на главниот проблем поради кој не и е доделен датум за почеток на преговори, а тоа е противењето на нашиот јужен сосед”, изјави Груевски, на средбата со словенечката премиерка Aленка Братушек, јавува Телма.
Спорот за името е единствената пречка, изјавил Груевски, додека Братушек
смета дека решение е можно.
-Веќе ја пофалив Владата за она што е постигнато со реформите. Овој проблем треба да се реши што побрзо и само со разговори и верувам дека решение е можно, рече .
Но, Груевски рече дека преговорите со Грција, за жал, не се во интензивна фаза, како порано, затоа што нема волја од грчка страна.
-Тие не сакаат решение, дури даваат предлози за кои го знаат одогворот. Не сакаат да ја олабават, ниту да ја тргнат блокадата, рече Груевски.
Македонскиот премиер не одговори кое име би било прифатливо за решавање на спорот. Но, и натаму се надева дека Европската унија и НАТО ќе решат да ја почитуваат пресудата од Меѓународниот суд во Хаг.
Двајцата премиери за економската соработка немале конкретни разговори и договор- премиерот Груевски ги изложил поволностите за инвестирање, но засега нема одговор од словенечките компании.




