Групацијата на национални телевизии бара итно повлекување на новиот закон за филмска дејност, во спротивно законот ќе го оспори пред Уставниот суд, јавува 24 вести.
Новиот закон е класичен арач за националните телевизии, образложуваат, додавајќи дека се шокирани од новите законски одредби според кои националните телевизии со одреден процентуален износ треба да партиципираат во филмската дејност.
Дополнително се револтирани што не биле повикани за консултација ниту кога се носел законот, ниту откако бил изгласан.
Според новиот закон за филм, освен телевизиите, одреден процентуален износ на контото на новата Агенција за филм, од следната година ќе треба да плаќаат и телекомуникациските оператори, кабелските оператори, кината, дистрибутерите на филмови и приредувачите на игри на среќа.




