Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Судиите и натаму изрекуваат минимални казни за трговија со луѓе

0
By Нова ТВ on June 21, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2019 12:45

Северна Македонија презема значителни напори, но се уште не ги исполнува стандардите за елиминација на трговијата со луѓе, се констатира во Годишниот извештај на Стејт департментот за 2019 трговијата со луѓе во светот во делот посветен на нашата земја.

Во извештајот се нотира дека Владата презела повеќе напори во споредба со претходниот извештаен период, поради што земјата и натаму останува во групата Тиер 2. Овие напори вклучуваа истраги, гонење и осудување на повеќе трговци со луѓе и идентификување на повеќе потенцијални жртви. Владата ги зголеми ресурсите за заштита на жртвите и го измени кривичниот законик за да вклучи клаузула за неказнување за жртвите на трговија со луѓе.

Но, се уште не се исполнети стандардите во неколку клучни области. Судиите и натаму изрекуваат минимални казни за трговија со луѓе. Иако има истраги за вклучување на припадници на полицијата во корупција или трговија со луѓе, се уште изостануваат постапки против државни службеници. Владата не им доделува грантови на невладините организации за борба против трговијата со луѓе четврта година по ред, забележува Стејт департментот.

Според извештајот, жртви на трговијата со луѓе се македонски, но и странски државјани.

Жени и девојки се цел на сексуално злоставување и принудна работа најчесто во ресторани, барови и ноќни клубови. Странските жртви кои сексуално се злоупотребуваат најчесто потекнуваат од земјите од Балканот и Источна Европа – Албанија, БиХ, Косово, Романија, Србија и Украина.

Граѓани на Северна Македонија, пак, се жртви на трговија со луѓе и принудна работа, особено во градежништвото и земјоделскиот сектор во Јужна, Централна и Западна Европа. Проблем е и принудувањето на деца Роми на питачење и на несакани бракови. Особено ранлива група се мигрантите и бегалците кои поминуваат низ земјата, пред се жените без придружба. Трговците со луѓе често ги поткупуваат полицајците и инспекторите за што веќе има и документирани полициски извештаи, се нотира во Извештајот.

-Засилени истраги, обвиненија и пресуди против трговците со луѓе, вклучувајќи и соучесниците службеници, како и воведување построги казни. Се препорачуваат и мерки за проактивна идентификација на евентуалните жртви и нивно препознавање меѓу мигрантите, бегалците, лицата вклучени во проституција, поголема поддршка за невладините организации кои се грижат за заштита на жртвите, обезбедување сместување и заштитни центри, повеќе ресурси за полициската единица за борба против трговијата со луѓе, за обука на судиите, обвинителите и другите надлежни лица и институции во врска со истрагите и процесуирањето на трговијата со луѓе, поголемо информирање на јавноста за овој проблем и формирање независна канцеларија на Национален известувач за трговијата со луѓе, се дел од мерките кои ги препорачува Стејт департменто на САД во дело за Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.