Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривична за директорот на Институтот за јавно здравје-не наплатил долгови од 650 000 евра

0
By Нова ТВ on June 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2019 14:58

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против долгогодишниот директор на Институт за јавно здравје Шабан Мемети.

Мемети заедно со раководителот на Сектор за логистика и правно финансиски работи и референтот за наплата на побарувања, во периодот од 2010 до 2017 година не презеле никакви правни дејствија за да го наплатат долгот кон Институтот за јавно здравје.

Иако биле должни според описот на работни задачи, тие ниту доставиле опомени пред тужба, ниту поднеле тужба за да ги наплатат побарувањата од поголем број правни и физички лица по основ на извршени услуги и фактури.

Со своето непостапување, побарувањата во висина од 650 000 евра застареле, а Институтот никогаш не ги наплатил . Долговите во 2017 година биле отпишани.

Освен ова, и ревизорите во годишниот Извештај за работата на Институтот за јавно здравје констатираа неправилности и незаконитости.

Ревизорот откри дека во Институтот „при исплатата на платите има субјетивизам и нерамноправност“. Едно исто лице било и раководител на сектор и началник на поедини одделенија – се исплаќале плати во износ кој е повисок од коефициентите за плати на кои се распоредени и образованието кое го имаат.

Прекувремена работа се исплаќало на едни исти лица – од вкупно 46 извршени анализи за 19 вработени на ревизорите не им било презентирано одобрение за прекувремена работа како основ за извршена исплата. Нема пишан документ на кои работни задачи работеле лицата надвор од работното време, а во еден случај имало бланко одобрение без да се наведат датумите за кои се издава прекувремената исплата на плата.

Распоредувањето на вработените и исплатата на плата се вршела според интерен акт кој не е усогласен со Министерството за здравство, па така за едно работно место се барало лицето да има завршено Факултет за инфермиерство кој не постои во нашата држава.Ова работно место е пополнето од лице кое доставило ваква диплома, но нема доказ дека таа е нострифицирана во нашата земја наведе Ревизорот во Извештајот за финансиското работење на Институтот.

Во декември била формирана пописна комисија, но таа до моментот на ревизија не извршила попис на средствата со кој располага Институтот – на градежното земјиште, уметничките слики , средствата добиени како донација. Па така Ревизорите не можеле да утврдат каде се наоѓа „материјално средство“ за кое се платиле  55 илјди евра и зошто не се употребува  апарат набавен уште во 2015 година во вредност од 15 илајди евра за кој се пресметувала амортизација од моментот на набавката.

Нема докази дека институцијата води евиденција за медицинските апарати кои ги има, ниту на парите што ги добива –  100 000 евра од Министерството за здравство и 96 000 евра од донации.

Ревизорскиот извештај беше објавен во мај минатата година и беше доставен до Обвинителството. Кога НОВА го објави Ревизорскиот извештај во мај минатата година, од Владата највија дека дека министерот за здравство Венко Филипче планира да го повика директорот Мемети за да ги објасни наводите во Извештајот по што ќе одлучи како ќе постапи понатаму. Од тогаш помина повеќе од една година, а од средбата и одлуката нема ништо.

ОЈО ќе истражува како се трошеле пари во Институтот за јавно здравје

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.