Премиерот Зоран Заев утре ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата, кој треба да биде усвоен на собраниска седница наредната седмица.
-Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата – изјави вчера Заев, најавувајќи дека паралелно се работи и на вториот бран промени со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
За нов министер за екологија ќе биде предложен Насер Нуредини, син на познатиот бизнисмен од Виена со потекло од земјава Аки Нуредини, додека сегашниот министер Садула Дураку треба да ротира во новото министерство за политички систем.
Лидерот на ЛДП Горан Милевски, се најавува дека ќе биде предложен за нов министер за локална самоуправа, додека НДП треба да добие министер без ресор. ВЗаев кажа дека тој ќе одлучи кој ќе биде и нив министер за култура – БЕСА го предлага професорот на Медицински факултет Хисни Исмаили е за нов министер за култура.
Во однос на промените што се прават внатре во СДСМ, Заев рече дека останува да се именуваат потпретседателите на партијата и уште 20-тина претседатели на општинските организации на партијата.




