Претседателот на СДСМ Зоран Заев на промоцијата на новата програма на оваа опозициска партија во Штип најави дека ако дојдат на власт ќе обезбедат 450 евра минимална плата за сите вработени надвор од јавниот сектор.
“Нашата програма предвидува секој што работи надвор од јавниот сектор да има минимална плата од 450 евра. Тоа ќе го има и текстилниот работник и занаетчијата и земјоделецот. Тоа е минимумот за опстанок на едно семејство. Тоа ќе го обезбедиме со пакет-економски, социјални, здравствени и образовни мерки. Актуелната власт неодговорно и расипнички се однесува кон средствата од буџетот, секоја година само за споменици троши по 180 милиони евра. Тие пари ќе ги насочиме во социјалните програми за нашите најсиромашни граѓани“, рече Зоран Заев. во Штип.




