Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синлаб: Медицинскиот отпад се носи во Дрисла, ненамерниот пропуст ќе го подигне нивото

0
By Нова ТВ on June 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 27, 2019 16:03

Синлаб денеска со соопштение се обратија до јавноста за да информира дека медицинскиот отпад се селектира и одлага во Дрисла, а медицинскиот отпад кој беше пронајден во нотејнери ан комунална хигиена е ненамерен пропуст. Од таму велат дека утврдениот наод на ДЗСИ за пропусти во селектирањето на отпадот,  сериозно ќе го земат во предвид во понатамошната работа и ќе преземат мерки на надзор и уште поголема контрола за во иднина да нема вакви пропусти. Соопштението го објавуваме во целост.

„Сите процедури кои се спроведуваат во ПЗУ Дијагностичка лабораторија Синлаб Скопје, посебно складирањето и одлагањето медицински отпад се строго контролирани во сите лаборатории на Синлаб Групацијата. Синлаб Скопје е лабораторија која што е една од основоположниците на приватната лабораториска дејност во земјава.

Како лабораторија, единствена во Македонија, која е дел на меѓународна групација на лаборатории со седиште во Германија, имаме строги правила за работа што се постојано под контрола, како интерна, така и во рамките на Групацијата. Синлаб Скопје е воедно и прва лабораторија во Северна Македонија која е акредитирана според стандардот ИСО15189 за медицински лаборатории. Станува збор за меѓународен стандард за квалитет и компетентност којшто ги специфицира барањата на системот за управување со квалитет, особено на медицинските лаборатории.

Како лабораторија ги поддржуваме сите активности и мерки за заштита на човековата средина и во таа смисла ги исполнуваме сите законски барања за управување со отпад. Имаме договор со Дрисла за одложување на медицинскиот отпад во Скопје, односно со Еко клуб за одложување медицински отпад во Битола и Тетово. Медицинскиот отпад на ПЗУ Синлаб Скопје од страна на Дрисла се депонира во Дрисла, за што постои соодветна документација.

Во ПЗУ Синлаб постојат процедури за селекција и постапување со отпад согласно стандардите за квалитет, двајца биохемичари имаат поминато обука за управување со отпад и имаат соодветни сертификати, а назначен е управител за отпад и негов заменик. Истовремено и сите вработени имаат поминато обука за ракување со медицински, хемиски и комунален отпад.

ПЗУ Синлаб е под постојана контрола на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и во овие 18 години постоење на ПЗУ Синлаб не била утврдена никаква грешка ниту пропуст во работењето. Токму поради ова, последниот утврден наод на ДЗСИ за пропусти во селектирањето на отпадот сериозно ќе го земеме предвид во понатамошната работа и ќе преземеме мерки на надзор и уште поголема контрола за во иднина да нема вакви пропусти. Сакаме уште еднаш да напоменеме дека во утврдениот случај се работи за ненамерно и случајно фрлање неколку парчиња медицински отпад, наместо во отпадот наменет за Дрисла, во стандардниот отпад кој се одлага во контејнерите на Комунална хигиена.

Дека ПЗУ Синлаб врши селекција на комунален и медицински отпад и прописно го обележува, пакува и одлага медицинскиот отпад утврди ДСЗИ во вонредниот инспекциски надзор направен на 24.06.2019 година.

Во секој случај, пријавата која ја испратиле граѓаните секако ќе има позитивно влијание врз ПЗУ Синлаб, за подигнување на нивото на контрола на отпадот. Но, веруваме дека ова ќе има влијание и пошироко во заедницата, кај сите здравствени установи во однос на прашањето и процедурите за тоа кој и како управува со медицинскиот отпад.

Групацијата Синлаб чиј дел е ПЗУ Синлаб Скопје, лидер во Европа во делот на медицински дијагностички услуги, со комплетна понуда на медицински лабораториски услуги за пациенти, лекари, клиники и фармацевтската индустрија. Лабораториските испитувања кои ги вршиме се со меѓународни сертификати за квалитет од INSTAND e.V., Германија и BIO-RAD, САД“, се  вели во соопштението на Синлаб.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.