Published: Friday, November 15, 2013 11:45
Актерот Кирил Поп Христов само по едно судско рочиште денеска е осуден на една година затвор за одгледување и производство на марихуана.
Тој останува во куќен притвор до правосилност на пресудата. Пред судот Кили ја повтори изјавата дека не произведувал канабис сатива, туку канабис индика која му требала за производство на чај и за масло за лекување на туморот од кој боледува. Тој најави дека истото масло ќе го набавува легално од Хрватска, објавува Утрински весник.
Кили и неговиот брат Владимир Поп Христов се обвинети дека во семејната куќа во Визбегово направиле расад и мини-лабораторија за одгледување и производство на марихуана.




