ЛП посакува успешно закрепнување на повредените и длабоко сочувствува со нив и со нивните семејства.
ЛП предупреди во соопштението од 10 март 2012 година, објавено по минатогодишните скопски инциденти. И по година и пол од овие инциденти, за жал не е преземено ништо од владата и надлежните институции.
ЛП повикува на итно смирување на настанатите тензии, во што улога треба да имаат самите граѓани, семејствата, воспитно-образовните институции, партиите, медиумите и органите на редот.
ЛП цени дека инцидентот е последица на погрешната политиката на етноцентризам што ја води владата на Никола Груевски, што го поттикнува јазот меѓу граѓаните во земјата по етничка линија.
ЛП предупредува дека пролонгираната тензија ризикува темелно да ги наруши меѓуетничките односи со долгорочни последици.
Спречувањето на натамошното продлабочување на тензиите е од суштинско значење за соживотот во Република Македонија. Оттука, клучно е институциите на системот брзо и темелно да го истражат инцидентот и да ги санкционираат сторителите врз основа на законот. Само тоа ќе потврди дека во Република Македонија владее правото и дека постои заштитата на животот и безбедноста на граѓаните.




