Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесено е обвинение против возачот, газдата на Дурмо турс и уште 4 лица за несреќата кај Ласкарци

0
By Нова ТВ on July 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 1, 2019 14:19

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 38 патници беа тешко повредени.

Обвинение е поднесено против газдата на Дурмо – турс и одговорното лице во фирмата – кои иако знаеле дека автобусот е неисправен не презеле ништо да ги поправат дефектите на системот за сопирање на автобусот. Исто така тие  давале и насоки на возачите на автобусите да монтираат опрема со која ќе се манипулира вистинската брзина со која се движи автобусот.

„Сопственикот на фирмата-превозник не водел сметка за исправноста на аналогниот тахограф и дозволил да се изврши манипулација на овој уред за да не ја регистрира правилно брзината на движење на автобусот, а обвинетиот раководител на возниот парк, давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот за да се избегнат казни за сообраќајни прекршоци“ пишува во Обвинението.

Во компанијата Дурмо – турс,  не се водела ниту соодветна евиденција на поправките на автобусите,  работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите  сами меѓусебно се договарале околу возењето.

Обвиненија се подигнати и против три лица вработени во станицата за технички преглед со која управувал исто така газдата на Дурмо турс.  Тие иако виделе дека автобусот има дефекти, во записникот за технички преглед напишале дека е исправен.

На 02.07.2018 година, при редовен периодичен шестмесечен технички преглед, воочиле дека е неисправен ABS системот и дека постои недоволна ефикасност на кочењето од 32%, како и разлика од 56% меѓу силите на кочење меѓу левото и десното тркало на втората кочница од втората (погонска) оска. Сепак, во записникот за технички преглед не ги навеле овие неисправности и со свој потпис и печат го завериле записникот за технички преглед, прогласувајќи го возилото за технички исправно. При следниот технички преглед на 18.12.2018 година тие воопшто не го прегледале уредот за сопирање, за кој претходно знаеле дека е неисправен. Повторно изготвиле записник за технички преглед и потврда во кои навеле дека возилото е технички исправно.

Со обвинителниот акт е опфатен и возачот на автобусот кој  возел со недозволена брзина од 99 км/час. Заради преголемата брзина, изгубил контрола над управувањето со автобусот и преминал преку заштитната ограда за сообраќајната лента во спротивна насока.

„За ова време успеал да ја намали брзината на автобусот на 67 км/час пред да удри во последната заштитна ограда, но поради недозволената брзина и недоволно ефикасниот систем за кочење, излетал со автобусот 5,5 метри под нивото на автопатот, се излизгал преку регионалниот пат Скопје-Тетово и се превртел на покрив на земјена и тревна површина покрај патот“пишува во Обвинението.

Обвинителството бара да се одреди притвор за сите шест лица, поради опасност од бегство. Сите во моментов се во куќен притвор.

Автобуската несреќа кај Ласкарци се случи на 13.февруари годинава. По несреќата, полицијата соопшти дека ќе изврши дополнителни контроли за исправноста на автобусите. За два месеци од сообраќај беа исклучени 28 автобуси поради утврдени дефекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.