Синоќешниот инцидент во автобус, кадешто настрадаа патници и претежно деца е резултат на политиките на поделеност и конфликтност во општеството што се дело на оваа владеачка гарнитура, рече на денешната прес-конфернција Петре Шилегов од СДСМ.
„Дополнително, храброста на предизвикувачите на ваквите инциденти доаѓа од неефикасноста на МВР да превенира вакви состојби, бидејки во најголем дел од случувањата од овој тип, сторителите или не се откриени, или не одговарале.
– И по вчерашниот настан во автобусот 65 се отвора дилемата, дали инцидентите во автобусите се можеби поттикнати од други мотиви, со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од реалните состојби и случувања во државата.
– Очекуваме надлежните институции целосно да си ја завршат работата во откривањето на сторителите и да поработат на превенција од вакви случаи во иднина.
Во предлог мерките на СДСМ има предвидено едукација на младите за развој на меѓусебната толеранција, што ќе се одвива континуирано и во што ќе бидат вклучени и училиштата, рече Шилегов.
СДСМ потенцира дека клучно за спречување на инцидентите од ваков вид се политиките на власта што треба да испраќаат вакви пораки на толеранција и меѓусебно разбирање наместо да ги разгоруваат.




