„Човек кој што размислува со здрав разум не би можел една таква монстуозна конструкција да направи и да ги злупотреби децата за да креира криза. Ние како МВР ќе продолжиме и понатаму сериозно да се однесуваме кон оваа тема и да ја оставиме на страна политиката бидејќи имаме проблем кој треба да се решава“, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, околу инцидентите кои се случија во автобусите на ЈСП.
Таа ги осуди политичарите кои ги користат и злоупотребуваат децата за дневно- политички цели, па на истите им порача политичките поени да ги собираат на друго место.
„Во функција на решавање на овој проблем ние ги мобилизираме сите сили кои ни стојат на располагање во смисла на расчистување на досегашните инциденти на кои интензивно се работи меѓутоа и во функција на превенирање на евентуални идни инциденти“, истакна Јанкуловска.




