Published: Saturday, November 16, 2013 14:23
Ноќеска во ноќниот клуб „Социјал“, на плоштад Македонија во Скопје, се истепале две засега непознати девојки. Во еден момент, две групи се обиделе да ги раздвојат, но токму тогаш започнала голема тепачка која продолжила и надвор пред ноќниот клуб, соопшти МВР.
Со возило на Итната помош тројцата учесници во тепачката, И.Б. и С.С. двајцата од Скопје, и М.В. од Битола, се пренесени во Градската општа болница каде им била укажана лекарска помош, а во полициска станицана информативен разговор бил однесен Н.Н. од Скопје.




