Караванот за промовирање на програмата на СДСМ денеска беше во Неготино, втора екипа е во Врапчиште и третата екипа е во Василево.
Како што рече Ванчо Узунов од СДСМ пред граѓаните на Неготино ја промовираат програмата и разговараат со граѓаните на Неготино за нивните проблеми и за нивните излезни решенија.
„Она што е посебно интересно за граѓаните овде, со оглед на резултатите од владеењето на оваа гарнитура веќе осум години, значи мерките од социјалната политика и пензиските мерки, а од друга страна мерки за вработување на млад кадар. И воопшто за подигање на приватниот сектор, за нови инвестиции, за пораст на економијата и она што сега станува актуелно за Неготино иако порано не било толку земјоделие. Значи мерки кои што ќе значат подобрување на земјоделието“, изјави Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ.




