Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Преспанскиот договор не е загрозен-Нова демократија ќе го почитува

0
By Нова ТВ on July 7, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 7, 2019 09:40

Нова демократија како влада нема да го оспори и ќе го почитува Договорот од Преспа, е ставот на експерти од Грција и Северна Македонија, во пресрет на денешните предвремени избори и сѐ поголемата веројатност дека ќе има промена на власта.

Сепак, тие потенцираат дека особено е важно и ќе одигра улога резултатот од изборите односно тоа дали Нова демократија ќе формира еднопартиска влада или ќе треба да бара коалиционен партнер.

Професорот од Универзитетот Македонија во Солун и виш научен соработник во фондацијата за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“ Јанис Армаколас, новинарката од радиото „Атина98.4“ и „Макрополис.гр“ и директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска сметаат дека новата власт во Грција најверојатно ќе ја следи досегашната политика.

Професорот Армаколас изразува надеж дека нема да има промени во политиката и вели дека не е песимист, но за да биде оптимист ќе треба прво да ги види резултатите од изборите и како ќе функционира новата влада.

-Со Северна Македонија се надевам нема да има промени. Сметам дека поумерените сили од Нова демократија бараат можност, во суштина, да ја продолжат претходната политика. Но, сѐ ќе зависи од резултатите на изборите, ќе зависи од тоа кој ќе биде министер за надворешни работи, кои ќе бидат надлежни за прашањата во надворешната политика, вели професорот Армаколас.

Со сличен став е и директорката на Институтот за европска политика Кацарска, според која многу работи ќе зависат од тоа дали Грција ќе добие еднопартиска или коалициска влада.

-Прашањето кое веројатно сите го имаме на ум е колкав ќе биде процентот што сама ќе го добие Нова демократија или ќе ѝ биде потребно да направи коалиција, бидејќи и видот на коалицијата и коалицискиот партнер може да ја утврдат, односно да ја зајакнат или да ја омекнат позицијата и во однос на проширувањето на ЕУ и во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа и во однос на нашата земја. Од дискусиите овде не се очекува дека Нова демократија директно, доколку има доволно простор, дека ќе го спори договорот, вели Кацарска.

Новинарката Вудури од радиото на општина Атина се повикува на досегашните јавно изразени ставови на Кирјакос Мицотакис во однос на Договорот од Преспа и ги објаснува аргументите на лидерот на Нова демократија.

-Бидејќи многумина се прашуваат што Мицотакис како премиер ќе прави со Договорот од Преспа, мислам дека многу пати јавно има кажано дека ќе го почитуваат договорот. Тие не се согласуваат со договорот, но ќе го почитуваат со аргументот дека не може да се замисли Грција да си пука во нозе. Што мислат со тоа? Дека со тоа ќе ѝ дадат за право на Турција да оспорува меѓународни договори како што е Лозанскиот договор. Ова е аргументот што го користат од Нова демократија за да кажат дека нема шанси да го чепнеме договорот. Постојат во овој момент дури и членови кои беа против договорот, кои пишуваа колумни во многу весници против договорот и за време на преговорите и веднаш потоа, кои сега велат дека не постои начин да побараме дури и промени на договорот, објаснува новинарката Вудури.

Во однос на ЕУ и дали Нова демократија како влада ќе даде зелено светло во за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија, новинарката од грчкото радио објаснува дека самиот договор вели дека Грција не може да блокира почеток на преговори штом веќе е решено прашањето за името.

-Од време навреме слушаме од Кирјакос Мицотакис и од надлежниот за надворешна политика во Нова демократија да говорат за правото на вето, секако во однос на процесот на поглавјата. Ова ќе го искористат како алатка за притисок, ќе проверуваат изјави што прави владата на Заев или која влада и да е во Северна Македонија и соодветно ќе постапат за време на процесот на отворање на 35-те поглавја, објаснува Вудури за МИА.

За европската перспектива на нашата земја, директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска вели дека Северна Македонија не треба ниту да се самосожалува, ниту да биде песимист, иако ЕУ е фокусирана на внатрешни прашања.

-Од она што ние го знаеме постои соодветно признание дека преговорите со Северна Македонија треба да се отворат. Меѓутоа, истовремено мораме да признаеме дека во ЕУ постои една тенденција да се фокусираат само на своите проблеми, повеќе од вниманието е внатрешно насочено кон справување со радикални тенденции, кон креирање на новите институции, кон брегзит и не е исклучено дека тие внатрешни прашања може често пати да доминираат. Ние од нашата позиција, во оваа фаза не можеме да бидеме ниту песимисти и немаме простор иако треба во секој случај да го изразиме своето незадоволство, немаме простор да се самосожалуваме. Мислам дека единствената опција што ја имаме е да го градиме случајот колку што можеме повеќе, вели Кацарска од Институтот за европска политика.

Професорот од солунскиот Универзитет Македониа вели дека во Западна Европа постојат многу сили или на ниво на општества или на ниво на политички елити и партии „кои многу позитивно би го гледале запирањето на процесот на проширување, а тоа не е добро сценарио за Балканот“.

-Сметам дека најверојатното сценарио за октомври е одвојување на Северна Македонија и Албанија Верувам дека  Албанија е многу тешко во овој момент да започне пристапни преговир, од различни причини. Не дека нема направено напредок , има направено, но од други причини. Сметам дека би било многу негативно сценарио ако Северна Македонија не почне пристапни преговори и сметам дека ќе има многу проблеми и владата на Заев ако тоа не се случи во октомври. Но, како што кажавме приоритетите се други, вели Армаколас.

Професорот Јоанис Армаколас, новинарката Александра Вудури и директорката на Институтот Симонида Кацарска, дискутираа за Западен Балкан и за европската перспектива на земјите од регионот, особено по Договорот од Преспа на конференција во Атина посветена на овие теми, што беше во организација на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Институтот за европска политика Отворено општество и експертската група BiEPAG од европскиот фонд за Балканот.

-Особено важен е тајмингот на конференцијата и кога ја планиравме конференцијата знаевме дека на еден или на друг начин ќе биде критичен период по одлуките во јуни и бевме загрижени дека нема да има позитивна одлука за Северна Македонија и за Албанија и навистина ова се потврди и конференцијата има за цел да дискутира за овие прашања и особено да даде нов поттик, нова нота на оптимизам за прашањата за проширувањето на Западен Балкан и особено да истакне колку е важна оваа политика да продолжи да постои и перспективата за интеграција на овие земја да продолжи да биде жива, вели професорот Армаколас кој воедно е и виш научен соработник во „ЕЛИАМЕП“, фондацијата за надворешна политика што беше и еден организаторите.

Кацарска посочува дека значењето на овие формат дискусии е пред се да го отвори прашањето на проширувањето меѓу поголем круг на чинители.

-Несомнено е дека ние преку Договорот од Преспа во изминатата година креиравме сојузник во постоечката грчка влада, меѓутоа целта на овие дискусии е всушност да изгради поголем сојуз помеѓу чинителите кои што го поддржуваат прошируваањето , а со тоа и нашата земја за да може кога ќе се носат важни улоги на европско ниво да имаат доволно информации во однос на тоа како ќе постапат, вели Кацарска и додава дека за нас е важно да се изградат што е можно повеќе сојузници, а ваквите конференции исто така „градат мостови“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.