Во Скопје се одржува петиот по ред Марш на толеранцијата што го организираат Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛГБТИ заедницата и уште неколку невладини организации, под мотото „Македонија има љубов за сите“- да му кажат НЕ на насилствотo, а ДА на љубовта.
Заблежително беше засиленото полициско присуство, а поводот на маршот е денешниот Светски ден на толеранцијата.
Џабир Дерала од Цивил, посочи на порастот на насилството и тенденцијата на насилничкот порив меѓу младите.
Петар Антевски од Младински образовен форум повикувајќи се на едно нивно истражување истакна дека податоците покажале дека половина од младите само понекогаш се чувствуваат безбедно во автобус, како и дека половина од младите сметаат дека е многу лесно да се набави пиштол во Македонија.
Маршот почна во пет до дванаесет пред Владата, а крајна дестинација беше Платото пред стоковната куќа Мост, каде се одржа културно-уметничка програма. Во клубот ГЕМ вечерва ќе се поектираат кратки филмови на тема толеранција.




