Општина Кисела Вода најостро ги демантира тврдењата кои денеска ги изнесе општинската организација на СДСМ-Кисела Вода по однос на Одлуката за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година.
>>Темелковски: О.Кисела Вода крати 400 милиони денари од буџетот
– Советниците од СДСМ, очигледно целосно ја промашиле темата за прес-конференција, бидејќи станува збор за ребаланс на буџет, а не за носење на буџетот за 2014 година. Колку за потсетување, буџетот за следната година се носи кон крајот на тековната година, што значи буџетот за оваа 2013 година е донесен на крајот на 2012 година.
– Јавно ги прашуваме советниците од СДСМ: Каква логика користите, кога ја лансирате тезата дека со ребалансот на буџетот практично се кратат проектите од предизборната програма на актуелниот градоначалник на Кисела Вода, кога општинскиот буџет за 2013 година е донесен кон крајот на 2012 година. Одговорот, најверојатно само тие го знаат, , се вели во реакцијата од општината по обвинувањата на СДСМ за кастрење на буџетот.
Што се однесува до Измените и дополнувањата на буџетот на Општина Кисела Вода во 2013 година односно Ребалансот, сакаме да ја информираме јавноста дека истите се однесуваат на промените кои се настанати во изминатиот период од тековната година и се вршат поради помалиот прилив на средства во буџетот на Општината, спореден со планираните расходи за тековниот период од 2013 година.




