Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонците – систематични само кога мразат

0
By Нова ТВ on July 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 8, 2019 14:03

Пишува Кица Колбе, професор по философија и писателка

„Се грижеше светот да не подиви, да не нѐ обрасне коров”, напиша Миљенко Јерговиќ пред два дена во својот омаж за Борка Павичевиќ. Тоа е навистина суштината на поимот хуманост и морален интегритет. Затоа и целата Кантова етика е фокусирана токму врз таа премиса. Дека хуманоста е можна само кога моралниот закон ќе биде вграден во свеста и во постапките на човекот. Од тоа се раѓа совесноста и одговорноста во постапувањето на една личност. Нема демократско општество без хуманост и морален интегритет. Демократијата не настапува автоматски со револуциите и со протестите. За неа е потребен долг и макотрпен пат на политичка, социјална, етичка, културна и образовна преобразба на целото општество. За тоа се потребни личности кои имаат силен морален интегритет, со што тие стануваат пример за сите други. Личности како Борка Павичевиќ, како Стефан Сидовски, како Горан Стефановски. Тие сиот свој живот го посветија на една цел. Затоа што имаат мерка и компас, тие пред другите со своите дела сведочат што е хуманоста.

Првиот симптом  дека едно општество почнува да ја губи мерката и компасот е  кризата во културата. Инвазијата од кич со „Скопје 2014” е само еден од сегментите на долготрајната културна стагнација во македонското општество. Кичот и пропагандната уметност се само видливиот белег на идеологијата која прави многу поголем пустош во умот и мислењето на луѓето. Декаденцијата во културата е секогаш само симптом на моралната деградација. Корупцијата која го следеше проектот на „антиквизацијата” само ја потврдува таа стара вистина. Културата е секогаш сеизмограф за моралниот и идејниот интегритет на едно општество. Македонското општество веќе одамна живее во  криза не само на културните, туку на сите вредности. Горан Стефановски уште пред четири години го изрече тоа сознание на нему својствениот благ начин во есејот „Пофалба на обратноста”. Не случајно есејот тој го започнува со описот на роденденска прослава во една фамилија. Во неа возрасните, наместо да слават, се караат за политика. Тие не сакаат од него да научат ништо ново. Тие сакаат тој да се „определи”. Да застане во редицата, да фати „позиција”, кај едната или кај другата страна. А тој вели дека такво нешто е невозможно. Затоа што вистината не е ни кај едните, ни кај другите. Ама тие тоа не го дозволуваат. И сосем е разбирливо што со гостинот, дојден од далеку, во есејот разговара само детето. Возрасните се затворени во својот „маѓепсан круг од омраза и гнев”.  Горан Стефановски се обиде во луцидниот есеј да им укаже на своите сонародници каде е патот. И им го даде компасот в рака со тоа што укажа на ослободувачката сила на човечноста, на сочувството, на љубовта и на стремежот за мир. Ползувајќи ја Шекспировата мудрост од „Ромео и Јулија”, Горан во тој есеј укажа дека  во светот во кој владее омразата, нема место за љубовта. Затоа во состојбата на расцеп љубовта  го избира единствениот можен пат – смртта. Тој со тоа им покажа на Македонците дека беспаќето во кое Македонија талка веќе со години може да биде катастрофално. Малкумина вистински ја разбраа тогаш таа порака. На многумина таа им беше премногу филозофска, премногу млака, премногу „гандиевска”. Затоа не разбраа дека светот подивува кога ќе ја изгуби мерката и компасот – најчесто во омразата кон Другиот. Во омразата „закоравуваат” и умот и срцето на човека. Ако сте биле само половина час во „македонската јавност” на Фејсбук, тогаш знаете како изгледа тој коров.

Школски пример за расцеп

Често моите сонардници ги доживувам како народ во длабок расцеп. А народ во расцеп, нема иднина. Ниту  неговите дела можат да бидат трајни. Ние, Македонците, сме воспитувани со страв и недоверба кон сите – кон соседите, кон Големите сили, кон Европа. Со тој страв ја градиме сликата за светот. Ние не сме во светот во таа слика. Оти сиот свет е против Македонците. Во тоа сме уверени, до фанатичност. Напамет ги учевме  „вечните апетити“ на соседите. Тие, можеби, се присутни и денес кај некои реакционерни умови во соседните држави. Но, тоа не значи дека Македонците мора вечно да живеат со стравот од нив. Македонија, и како Република Северна Македонија, има за првпат шанса во историјата да учествува во сите преговори и договори за нејзината иднина. Тоа е суштинскиот белег на секоја  државна сувереност. Зошто најголемиот дел од Македонците уште живее со страв, небаре нема своја држава? Затоа што многумина уште не се соочиле со минатото на критички начин. Ние, родените во Југославија, долго верувавме дека Македонија била некаква митолошка „Каинавелија” (Славко Јаневски), во која братот го јадел брата си, само во минатото. Затоа што тогаш народот не бил просветен. На часовите по историја учевме дека само затоа пропагандите на соседите можеле да „сеат” раздор меѓу Македонците. Само така можевме да си објасниме, зошто во долгата борба за ослободување од турската власт Македонците се убивале или се предавале едни со други, дури и кога биле соборци.

Денес сѐ повеќе се уверувам дека ако сакаме да го разбереме минатото на Македонците, треба да се соочиме со сегашноста. Затоа што некои од нив и денес се однесуваат слично како и пред еден век. Не затоа што ситуацијата останала вековито непроменета. Впрочем, денес тие живеат во своја држава. Тие денес напати се однесуваат исто како и  пред еден век (кога немале држава!) само затоа што забораваат дека денес имаат своја држава. И за неа се одговорни тие самите! А тие уште се заробени во сликата за „вечниот враг” на Македонците. Само што сега тој „враг” е другиот Македонец. Тој е „виновникот”, а тие, другите Македонци, оние со друга партиска и политичка ориентација, се „жртвата”. Дури и по цена на дестабилизација на државата, опозицијата ѝ посакува пораз на позицијата. Тие се кадарни и пред меѓународната заедница да ги оцрнуваат своите политички противници. Само за да се прикажат себеси како „големи Европејци”, додека дома ги хранат партиските поданици со најбедната националистичка пропаганда против истата Европа. Тие длабоко во себе, од омраза кон партиските противници, си посакуваат Македонија да не добие сега датум за почеток на преговорите со ЕУ. Затоа што се уверени дека тоа е само пораз на противникот, на актуелната  владеачка коалиција. А забораваат во својата фанатична омраза дека тоа би било и нивен пораз. Недобивањето датум  би било пораз за секој македонски граѓанин. Може ли да се замисли поголема самодеструктивност и недостиг на чувство за државотворност кај една партија, која, притоа, е уверена дека ги заштитува националните интереси? Таквите политичари се ужаснати од промената на името на државата. Ама затоа прават сѐ таа држава да остане и понатаму во криза и нестабилност. Што, тогаш, тие спасуваат? И не е ли ова однесување школски пример за расцеп?

Секој е гневен на некого

Сѐ повеќе се уверувам дека Македонците се чувствуваат најсилни само во омразата кон другиот Македонец. Небаре победата на едниот да е пораз на другиот Македонец. Изминатава година покажа дека ако во нешто  Македонците се совршени, тогаш тоа е дарбата да мразат и да се потсмеваат на сѐ што не го направиле тие самите. Колку и да се неорганизирани во другите нешта во животот, во омразата, во потсмевот и презирот кон сонародникот, Македонците се систематични. Денес во Македонија се чини дека секој секого мрази. Дека секој е гневен на некого. Немир и страв, гнев и подбив, невера и скепса владее со животот. Сите веруваат дека имаат причина за гнев и омраза. Роднините се скарани заради промената на името со Преспанскиот договор. Партиите сеат омраза – пак заради името и Договорот. „Патриотите” ги мразат „предавниците”. Крадците и арамиите се „култивираат” себеси во лажна опозиција. Го критикуваат Преспанскиот договор, а во душата се благодарни што дојде до него, за да имаат за што да се „пазарат” со власта. За да останат засекогаш недопрени од законот.

*Објавено на Дојче веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.