Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство: Младите лекари во дебарската болница да се пријават на конкурс

0
By Менче Атанасова Точи on July 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 9, 2019 13:15

Во Општата болница во Дебар четворица млади лекари работеле со Договор на дело, за сума од 15 000 денари без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Од таму велат дека четворицата млади лекари се стекнале со лиценца за работа пред еден месец. Од Министерството се правдаат дека болницата има потреба од кадар и токму затоа ги вработила младите лекари за да ги задржи во Дебар.

„Во меѓувреме е испратено барање за обезбедување финансиски средства за вработување на неопределено време на лекари. Додека да се заврши процедурата, се објави конкурс и се заврши со тестирање и избор на кандидатите, овие млади лекари се стимулирани со платена пракса и можност да се пријават на конкурсот кој ќе биде распишан наскоро. По стекнувањете на стаж, тенденција е сите млади лекари да бидат вработени на неопределено доколку ги исполнат критериумите и барањата на конкурсот“, велат за НОВА од Министерството за здравство.

Од ресорното Министерство потенцираат дека до 30 јуни бил рокот за пријавување на јавниот повик за изразување интерес за работа на доктори на медицина во примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во здравствените домови каде ќе можат да работат шест месеци со платена пракса.

„Ги повикавме сите заинтересирани доктори на медицина со лиценца за работа во ПЗЗ да се пријават на повикот и да достават писмо за интерес до Министерството за здравство, со цел да се обезбеди можност за работа во траење од шест месеци“, с евели во одговорот на Министерството за здравство.

Како што вчера објави НОВА, од Здружението на лекари специјализанти ЗЛС, објавија документ со кој се потврдува дека лекар во Општата болница во Дебар работи со Договор на дело за само 15 000 денари, а документот набргу се прошири на социјалните мрежи каде наиде на остри коментари.   Документот го споделија од Здружението на лекари специјализанти ЗЛС, а потоа и од Асоцијација на специјализанти и млади лекари, од каде потврдија дека се работи за веродостојна потврда.

Кратко откако го објавија документот од здруженијата потврдија имаат дозвола од лекарот да се објави за која болница станува збор. Додека вчера се мислеше дека станува збор за двајца лекари од Министертвото потврдија дека станува збор за четворица млади лекари.

„Станува збор за Јавна здравствена установа, Општа болница во Дебар која не смее да си дозволи да функционира со лекари со Договор на дело. Ако имаат недостог од медицински кадар, нека ги вработат, а не да ги злоупотребуваат избегнувајќи да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување. На овој начин нема да ги задржат во државата“, велат во ЗЛС.

Работните обврски на овие лекари им почнуваат во 08 и траат до  16 часот, а работите ги извршуваат како и останатите вработени доктори во болницата , дежураат, ги викаат на повик за транспорт на пациенти и после работното време. Дневница кога се работи за транспорт на ургентни пацинети до Скопје изнесува  400 денари, а до Охрид 200 денари.

Инаку, плата на лекар во секундарно здравство, односно во болниците изнесува околу 30 000 денари. Од здруженијата велат дека со двајца доктори на кои им даваат хонорар по 15 000 денари што е еднакво на плата за еден лекар, болницата си го „решила“ проблемот со недостиг на кадар и тоа без дополнителни трошоци за придонеси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.