Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Објавените разговори – обид за директна штета на нашите стратешки интереси

0
By Нова ТВ on July 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 9, 2019 13:22

Објавеното видео со телефонски разговори е дело на структури кои имаат анти-НАТО интереси, кои сакаат да нанесат директна штета на нашата стратешка определба за членство во Алијансата, изјави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев. Во дел од разговорите кои се објавени, како што нагласи, се вршени интервенции и се вадени од контекст како што е прашањето на МПЦ. Во останатите, според Заев, тој само ја потврдува определбата на Владата и на државата за евроатлантски интеграции.

-Јас сум жртва на измама на добро организирана структура, која извлекува придобивки од нови тактики, облици и алатки за медиумска дискредитација, најчесто на личности и земји со евроатлантски аспирации. Ова е еден од оние обиди за директна штета на нашите стратешки интереси да го завршиме процесот на нашето членство во НАТО. Тоа се добро организирани структури за ширење влијанија во интерес на трети страни, рече премиерот Заев.

Според него, не е тешко да се процени дека е така, бидејќи сосема очигледно е дека манипулациите излегуваат од пропагандни медиуми со изразена анти-НАТО ориентација, а во земјава први ја пренеле  медиумски канали кои секој ден шират лаги, и анти-НАТО расположение.

-Во еден дел на објавените телефонски разговори се вршени сериозни интервенции и се ставени во контекст кој не е автентичен и се излекуваат неточни заклучоци. Таков е објавениот дел за прашањето на Македонската православна црква, тоа е дел од разговорите во кои е направена интервенцијата, рече премиерот Заев.

Во останатите разговори, посочи, тој само ги потврдува неговите и заложбите на Владата за стратешките определби на државата.

– Во овој случај мета сум јас. Жртва сум на мојата отвореност и достапност за сите, рече Заев. Посочи дека дека жртви на такви измамнички разговори биле и францускиот претседател Емануел Макрон, поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, музичарот Елтон Џон.

Заев најави дека во иднина ќе бидат зајакнати протоколите за безбедни комуникации, а Владата во соработка со партнетите од НАТО ќе изработи план за борба против акции за дезинформирање и манипулирање.

Нема оставка, ниту одговорност за некого од протоколот

Заев рече дека нема да понесе одговорност тој или некој од неговите советници и луѓе од протоколот, бидејќи како што рече не е нанесена штета на интересот на државата, не открил државна тајна или безбедносно сензитивни информации, и затоа што тоа им се случило и на многу подобро организирани земји и со поголем капацитет за сајбер-безбедност.

-Протоколот не е дека се снимаат разговорите или дека има друг човек на линија за време на овие разговори. Обично седи до мене мој советник и прави записник од самиот разговор додека јас разговарам. Секако и јас и многу други политичари практикуваме директна комуникација, којашто се случува на WhatsApp, на обичен телефон или на некоја од другите апликации кои се користат. Се во зависност од каде сте имаме и перцепција за штедење кога разговарате со странство, вели Заев.

Заев вели дека никогаш не седел сам на државничките разговори за кои што секогаш се прават и записници и транскрипти. Во кабинетот со него, според Заев, секогаш седат или Дане Талески или Бојан Маричиќ кои што го советуваат за надворешна политика, односно европски интеграции. Записниците и од овие разговори се наоѓаат во архивата.

Жали и се извини за тоа што се злоупотребени политичарите во чие име се претставуваат наводните соговорници. Досега како што рече немало реакција од споменатите политичари и не очекува реперкусии. Но ако има, како што рече ќе се извиниме.

Денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев следува по објавеното видео на Јутјуб од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.