Published: Tuesday, July 9, 2019 19:30
Почина билионерот Рос Перо кој двапати безуспешно се обиде да стане претседател на САД. Тој почина на 89 години, по кратката битка со леукемијата.
Перо кој се имал истакнато како успешен бизнисмен, во 90тите години на минатиот век ја започнал својата политичка кариера и претставува еден од поинтересните политички фигури во американската политика.
Покрај неговата бизнис и политичка кариера, Перо го освои американското внимание благодарение на неговите напори околу Виетнамската војна за добивање на подобри услови за американските затвореници.




