Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Зошто Владата не ги користи европските фондови

0
By Нова ТВ on November 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 17, 2013 15:43


Зошто Владата не ги троши европските пари, кои не мора да ги враќа, а на сметка на тоа се задолжува со кредити кај меѓународните финансиски институции и кај банките, праша денеска Лидија Димова, претседател на на Советот за ЕУ интеграции на СДСМ.

– Како е можно да потрошите само 2 милиони евра од вкупно 85 милиони евра колку што ви се на располагање во V-компонента на ИПА наменета за земјоделски развој на државата? Како е можно да искористите само 20 отсто од средствата што ви се на располагање за вработување и развој на човечки ресурси? Колку пари Македонија ќе изгуби до крајот на 2013 година – праша таа.

Таа денеска на прес конференција се осврна на последниот извештај на Европската комисија посветен на имплементацијата на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во државите кои се дел од процесот на проширување на ЕУ.

– За жал, наодите за Република Македонија се повеќе од разочарувачки. Имено, ако досега не знаевме колку од ИПА средствата се искористени, сега точно знаеме дека Македонија се бори со Босна и Херцеговина за последното место во регионот. Слика за искористеноста на целата ИПА имаме во најновиот Извештај за напредокот на Република Македонија каде што за првпат децидно се кажува дека „во периодот 2007-2013, Комисијата намени 610 милиони евра за проекти во државата, но досега се склучени договори за околу една четвртина од средствата“. За жал, тоа не е единствената лоша вест од овој извештај. Дознаваме дека Македонија веќе се наоѓа на врвот во регионот во губењето на средствата. Околу 11 милиони евра веќе се неповратно изгубени и тоа: кај II-компонента за Прекугранична соработка, веќе се неповратно загубени 560.000 евра од ИПА 2009, а 2,9 милиона евра од програмата со Албанија се префрлени во I-компонента за надградба на граничните премини со Србија и Албанија поради проблематичното искуство. Кај V-та компонента (за земјоделски развој) Македонија изгуби 7,3 милиони евра од ИПА 2009 од вкупно 10,2 милиони), а кај IV-компонента (за развој на човечки ресурси), Европската комисија решила да дозволи дополнително предфинансирање за да ги спаси парите откако претходно го блокирала износот од 4.845 милиони евра на Агенцијата за вработување на Република Македонија поради лошиот финансиски менаџмент – објасни Димова.

Таа потсети дека министерот за финансии Зоран Ставрески летово рече дека „процентот на искористеност на ИПА-средствата заклучно со јуни е некаде 37 проценти во сите ИПА-компоненти и тој процент до крајот на годината врз основа на антиципираните активности за она што ќе се случува ќе се зголеми на 48 проценти“.

– Се прашуваме на што се должи ваквата изјава? На незнаење или на намерно продавање магла? Знае ли господинот Ставрески дека лажното сведочење на надзорните расправи подлежи на кривична одговорност. СДСМ размислува да поведе постапка против него за лажно сведочење – додаде Димова.

Таа истакна дека имало два времени прекини на исплатата (еднаш во март и уште еднаш кон крајот на 2012 година) поради недоволниот менаџерски капацитет на институциите.

– Сепак, најмногу од сè загрижува констатацијата дека се спроведуваат коруптивни практики. Имено, во проектот за реализација на пречистителната станица во Прилеп, извештајот забележува дека Европската комисија морала да ја поништи евалуацијата поради „сериозни грижи поврзани со прекршување на доверливоста на процесот“. Се надеваме дека Државната комисија за спречување на корупцијата ќе најде инспирација и храброста и ќе го испита овој случај – рече Димова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.