Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пшцел: Северна Македонија е успешна приказна и одлична реклама за НАТО интеграциите

0
By Нова ТВ on July 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2019 13:01

Политиката на НАТО кон земјите од Западен Балкан не е сменета, таа е континуирана, но изминатите две години се случи одреден прогрес во регионот, поради што Алијансата треба и соодветно да одговори на аспирациите на државите за интеграција во воено‐политичкиот сојуз. Таков пример за земја, која направи голем исчекор е Северна Македонија.

Ова го порача висок службеник за Русија и Западен Балкан во Одделот за јавна дипломатија на НАТО Роберт Пшцел во интервју за European WesternBalkans. Тој нагласува дека Северна Македонија, која се очекува и официјално да стане членка на Алијансата до крајот на годината, мора да се издвои како извонреден пример.

– Северна Македонија не е само успешна приказна од гледна точка за нејзината иднина и иднината на нејзините граѓани, туку е фантастична реклама за сите оние кои го поставуваат прашањето дали интеграцијата во НАТО е позитивен процес, нагласи Пшцел, кој појасни дека со примерот на Северна Македонија всушност се покажува дека во процесот на интегрирање во Алијансата се создава позитивна клима за решавање на многу прашања, кои потешко би се решиле во поинакви околности, а сето ова се однесува и на процесот за влез во Унијата.

Пшцел нагласува дека безбедноста на Западен Балкан е од големо значење за безбедноста на Европа, тоа е несраскинлив процес. Тој додаде дека за НАТО нема сомнение оти регионот е од стратешко значење и истакна дека не треба да се заборават случувањата во регионот од крајот на минатиот век и оти не смее да се дозволи негово повторно дестабилизирање.

– Западниот Балкан не е во задниот двор на Европа, на него треба да се гледа како предворјето на Европа, нагласи Пшцел.

Во врска со наративите дека Русија прави обиди да го спречи интегрирањето на регионот во НАТО, Псцел вели дека НАТО има чисти позиции – поаѓа од идејата регионот да го види просперитетен, стабилен, со стабилна иднина, развиена економија, без конфликти.

Тој истакнува дека земјите од регионот ги имаат истите аспирации за интегрирање во ЕУ и НАТО, но додаде дека нема еден модел за сите, а тој процес се заснова на доброволност, земјите сами го избираат патот.

– Постојат сомневања дека има таква агенда, гледаме одредени однесувања кои сугерираат дека има желба со различни инструменти да се постигне тоа, се користат дезинформации, злонамерно влијание, влијание врз демократските процеси, а во најекстремните случаи како тој во Црна Гора имавме обид за пуч, додаде Пшцел.

Според него, НАТО сака добра соработка со сите земји од регионот, согласно нивните желби и ја поддржува нивната соработка со сите други држави, доколку таа е позитивна и не влијае врз поткопувањето на регионалната стабилност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.