Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Името да се реши со консензус

0
By Нова ТВ on November 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 17, 2013 15:51

За Македонија да продолжи со наредните чекори треба во исто време да работи на реформите и приоритетите што се во директен интерес на граѓаните на Македонија, а и да се реши прашањето за името, вели вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој ја истакнува важноста од носењето консензус за решавањето на спорот околу името во земјава.

– Тоа е прашање што треба да се направи така што секој би се чувствувал дел од тоа. Нема иницијативи на еден лидер, има иницијативи каде што сите заеднички ќе се чувствуваат дел од таа иницијатива, подеднакво важни. Јас во која било форма од оваа позиција, покрај портфолиото за евроинтеграции, сум спремен да помогнам во тој процес. Не мора да е форма, потпишано, имавме таква иницијатива, дијалогот што произлезе со медијаторство на еврокомесарот Филе, меморандумот за разбирање, тоа е еден конкретен чекор на политичките партии заедно да се потпишат на еден заеднички документ во однос на европските интеграции. Значи, тоа е еден чекор, има разни чекори, разни форми на прашање што се однесуваат на оваа тема да се покаже тој консензус. Мислам дека тоа повеќе е концепт на разбирање, волја и одговорност, отколку форма. Консензусот не е само форма, тоа е содржина – вели Бесими.

Бесими вели дека не би сакал во никој случај на Република Македонија да ѝ се повторат настаните од минатата година затоа што смета дека со тоа изгубивме долго време во однос на реформите и фокусирање во однос на приоритетите што беа ставени во Пристапниот дијалог на високо ниво. Тој додава дека Македонија е под скенер и секое наше движење се проценува од страна на земјите-членки на ЕУ. За спорот со името вели дека не едноставно прашање.

– Да беше едноставно ќе беше решено во изминатите две децении колку што трае овој спор, но не е нерешлив. Има можност да се реши и тоа во интерес на двете страни, што за нас ќе значи Македонија и понатаму да чекори кон ЕУ. Оваа порака што појасно ја примаат земјите-членки од ЕУ и затоа оваа дипломатска агенда што ја правиме од разни аспекти со сите земји-членки на ЕУ е исклучително важна за Република Македонија – вели Бесими.

Бесими објаснува дека во извештајот на Европската комисија има посебен параграф, реченица во која, покрај препораката, се вели дека ЕК е спремна да подготви рамка за започнување преговори на Република Македонија со ЕУ, односно да се отворат поглавјата 23 и 24 коишто се клучни во однос на реформите, а исто така и рамка која ќе обезбеди во порана фаза од преговорите да се дојде до решение.

– Значи, има рефлексија и желба да се приклучат, но ова не е гаранција дека во декември земјите-членки ќе го прифатат тоа, ние да почнеме со преговори без решение за името, но е силен сигнал дека ЕУ е заинтересирана Македонија да покаже напредок во овој процес – додава Бесими за Радио Слободна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.