Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата бара избори, за ДУИ предвремени избори се можни евентуално во мај догодина

0
By Нова ТВ on July 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2019 15:24

ДУИ смета дека треба да биде заокружен процесот за влез во НАТО и добивање на датум за преговори и потоа следната година да се оди на евентуални предвремени парламентарни избори, СДСМ останува посветена на евроатланската интеграција, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите помали опозициски партии од албанскиот блок би оделе веднаш на предвремени парламентарни избори.

Пратеникот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ смета оти предвремени парламентарни избори оваа година не треба да има, бидејќи прво треба да се заокружи процесот за влез на земјата во НАТО. Следната година, вели тој, секако е изборна, но избори треба да има во декември. Тие избори би можеле, според него да се одржат порано, односно во втората половина на мај, јуни или во октомври. Овие месеци ги посочи поради евентуалното одржување попис во април и техничката Влада што треба да се формира сто дена пред предвремени избори.

– Предвремени парламентарни избори не се тема помеѓу партиските лидери. Секако дека следната година е изборна година. Знаеме дека регуларните избори се во декември, но верувам дека во разговор со другите политички партии ќе има разбирање кампањата да се одвива малку порано, изборите да се одржат малку порано. Имајте предвид и дека согласно Законот за Влада ќе треба да имаме и техничка Влада сто дена пред избори, така што ако ги имате на ум сите овие рокови ќе видите дека оваа година впрочем не се можни предвремени парламентарни избори, а не се ни пожелни затоа што чекаме да го заокружиме процесот за зачленување во НАТО и да добиеме датум за членство во ЕУ, рече Груби.

Тој нагласи дека за ова е потребен договор на партиските лидери, но негира дека е конкретен предлог на ДУИ за тоа кога би можеле да се одржат предвремени избори, наведувајќи оти е „хипотетички одговор на хипотетичко прашање“.

ДУИ, според него, се апсолутно спремни на тој предизвик и дека во новата Влада во која би биле прв приоритет ќе биде справување со селективната правда во земјата.

Пратеникот Костадин Костадинов, кој воедно е и портпарол на СДСМ, го повтори ставот на владејачката партија дека останува посветена на реформите, влезот во НАТО и добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.

– Како одговорни политичари и партија приоритет треба да ни бидат државата, државните интереси и граѓаните на Република Северна Македонија. Сметаме дека во таков период кога државата е пред очекување на датум за преговори со ЕУ и кога треба да станеме 30 членка на НАТО, треба предвид да ги имаме сите аспекти пред да ја однесеме одлуката за избори. На последниот Централен одбор, СДСМ јасно одлучи дека ќе сме посветени на евроатланската интеграција и реформите, истакна Костадинов.

За барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов рече дека нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и за време на претседателските избори повикувал на предвремени избори, а молел Бога да не ги добие, и се соочи со изборен пораз.

– Ви тврдам дека на кои било идни избори се што може да очекуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е пораз, рече Костадинов.

За Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на сите им е јасно дека мандатот на оваа Влада е веќе завршен.

– Апсолутно мислам дека сега на сите им е јасно оти оваа Влада, која сега раководи со државата ниту знае како да раководи, ниту има способност да раководи, а во исто време е штетна за националните и државните интереси, за економскиот поредок, за демократијата, со злоупотребите на судството и обвинителството итн. Ден побрзо завршување на оваа матна страна на нашата држава е подобро за сите, подобро и за СДСМ, изјави Димовски.

Тој додаде дека пред неколку години земјата била во „агоничен период“ кога, како што рече, Влада „која ја изгуби поддршката од граѓаните уште долго време беше на власт врз база на бројките во Парламентот“.

– Мислам дека сега сме апсолутно во истата ситуација и дека на сите им е јасно оти мандатот на оваа Влада е веќе завршен. Прашање е само на формални процедури и освестувања на дел од пратениците во Собранието, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сурија Рашиди од Алијансата на Албанците истакна дека неговата партија редовно бара предвремени парламентарни избори од причина што е време за нова конфигурација на силите, поради тоа што „оваа власт не може да ги испорача потребните реформи“. На евентуални нови предвремени парламентарни избори Рашиди очекува Алијансата на Албанците да добие повеќе пратеници.

Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА, која делува како опозициска партија, рече дека треба да има предвремени избори, имајќи ги предвид последните, но и претходните афери кои ги имаме, особено вчерашната со премиерот и претходно со генералниот секретар и случувања во Владата, но и „недобивањето датум за преговори со ЕУ и селективната правда“.

– Имајќи ги предвид и целокупните политички случувања во Владата и дека не добивме датум за преговори како што беше ветено од Владата, имајќи предвид дека има проблем со правниот систем со селективната правда… од една страна има постапки против бивши функционери од ВМРО-ДПМНЕ, но нема постапки против сегашни и бивши функционери на ДУИ, сметаме дека треба да се оди на избори, рече Зендели.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.