Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Халкидики се проценуваат штетите од невремето кое одзеде седум животи

0
By Нова ТВ on July 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 12, 2019 08:56

По големото и катастрофално невреме со силен ветер од над 100 километри на час, но со кратко траење, што однесе седум човечки жртви, на Халкидики од вчера се пребројуваат и санираат штетите.

Животот го загубија шестмина туристи од Русија, Чешка и Романија, меѓу кои и две деца и еден рибар, додека пак вчера хоспитализирани беа 23 лица, повеќето од нив туристи.

Според грчки владини извори, патната мрежа е целосно санирана, со исклучок на патот Мудања-Касандра каде што паднаа столбови на грчката електродистрибуција, десет граѓани кои остана без кров на глава се згрижени во хотели и соби, со помош на војската биле обезбедени генератори за инфраструктурите од стратешко значење кои останаа без струја (полициските станици, противпожарните единици, општината и сл), а за трите најпогодени општини и селата кои останаа без вода, формирани се специјални простории со флаширана вода за пиење, јави МИА од Атина.

Интензивно се работи на санирање на проблемот со електричната енергија, а според генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, станува збор за најголема бура во последните 35 години и најголема штета на мрежата на грчката електродистрибуција во нејзината историја.

-Водиме битка за да се санира проблемот со снабдување со електрична енергија на Халкидики во следните 24 часа иако првичниот временски рок беше 72 часа, рече синоќа генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Во невремето животот го загубија вкупно седум лица, шест туристи од Романија, Русија и Чешка и еден рибар чие тело вчера го лоцираше хеликоптер на грчката воена морнарица, а кој над 15 часа се водеше за исчезнат во морскиот дел на Каликратиа.

Од почетокот на невремето до вчера над 120 граѓани со возила на брзата помош или со свои возила биле пренесени во трите солунски болници и во една на Халкидики, додека пак официјално, повредени се 23 лица од кои една 72-годишна жена е во критична состојба.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас вчера одржа вонреден брифинг на кој кажа дека повеќето од повредените се туристи.

-Информирањето за повредените е континуирано, се известуваат нивните амбасади. Не би сакал да коментирам пред да се известат нивните амбасади, но повеќето од нив се туристи, одговори Пецас.

Владиниот портпарол објасни дека од Министерството за надворешни работи ги известуваат амбасадите на земјите од каде што се жртвите и повредените.

Дипломатските претставништва на Република Северна Македонија во Грција, не добиле официјално известување за македонски државјани меѓу повредените, а истото произлезе и од нивната сопствена иницијатива за добивање информации за повредени наши граѓани.

Од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија вчера соопштија дека е отворен дежурен број од Генералниот конзулат во Солун на кој македонските државјани ќе можат да се јават доколку евентуално се повредени во невремето.

Дежурниот број е 00306987200410.

До вчера, ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето.

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Министерството за надворешни работи на Грција, како и лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас изразија сочувство до семејствата на загинатите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.