Пивоваров вели дека Македонија се уште во овие 23 години не го искусила она што се нарекува вистинска борба со мафијата, така што оттука, тезите дека животот на премиерот би можел да биде загрозен во услови кога поголемиот дел од обвиненијата за организиран криминал паѓаат не држат вода.
“Никаде нема вакви мерки за поранешни премиери, посебни специјални мерки, туку органите за внатрешните работи, не само премиерот, туку за секој граѓанин ако има загрозен живот по службена должност да преземе дејствија за заштита на неговиот живот. Законот тоа го предвидува.”, вели Пивоваров
“Она што не е добро во оваа изјава е што премиерот самиот ќе цени колку долго ќе му биде потребно обезбедувањето. Па поранешен премиер не е институција која располага со такви информации. За тоа има служби и само тие треба да реагираат”.
Попладне на Нова погледнете ја целата видео сторија на оваа тема.