По налог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Бојан Јовановски, познат како Боки 13 сопственик на 1ТВ, е задржан на испрашување. Тој бил задржан на еден од граничните премини. Уапсено е уште едно лице.
Од Обвинителството за НОВА објаснија дека Јовановски не е приведен, туку тие побарале да биде задржан за натамошно испрашување. Повеќе детали најавија на прес конференција во Јавното обвинителство во 16.30 часот, на која ќе се обратат јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески и Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.