Научниците од Универзитетот „Мериленд“ анализирале повеќе од 600 000 фотографии снимени од сателит на НАСА во периодот од 2000 до 2012 година, а достапни се преку „Гугл“.
>> СОСТОЈБАТА СО ЗЕЛЕНИЛОТО ВО СВЕТОТ НА МАПА
Преку нивната работа, тие успеале да добијат прецизен приказ на состојбата со шумите на планетата Земја во период од 12 години. Резултатите покажуваат дека сечата, бурите, и пожарите се причина за исчезнување на вкупно 1,5 милиони квадратни километри шума, отприлика колку цела Аљаска. Или попрецизно, на Земјата има 2,3 милиони квадратни километри помалку, но и 0,8 милиони квадратни километри нова шума во последните 12 години.
Уништувањето на шумите не е секаде подеднакво. На подрачјето по течението на Амазон има најмногу исчезнувања на зеленилото, тројно намалување. Во Индонезија, во истото растојание шумските површини се двојно намалени.
Освен соголена површина, картата покажува и подрачја каде што шумата се појавува одново на места каде што исчезнува.
На подрачјето на Македонија се забележуваат точки со црвена боја кои означуваат исчезнување на зеленилото, а има и виолетови точки, според кои на местото каде што зеленилото го снемало, се обновува.




