НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите сомнителни потези на Катица Јанева

0
By Соња Петрушевска on July 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 9 ноември лани, додека полицијата го бараше Груевски во својот дом за да ја отслужи затворската казна за „Тенк“, Специјалното јавно обвинителство објави дека отвора нова истрага под кодното име „Империја“. Вниманието на јавноста која беше фокусирана на тоа каде е Груевски, експресно се пренасочи кон новата истрага на СЈО во која обвинителството се сомневаше на криминал тежок 10 милиони евра.

Во „Империја“ беа осомничени  контроверзниот бизнисмен Јордан Орце Камчев, екс шефот на тајната служба УБК Сашо Мијалков, управителот на фирмите на Камчев -Ненад Јосифовиќ, сопственикот на Пелистерка- Цветан Панделески, мајката на Орце Камчев- Ратка Куноска Камчева,  сестрата на Камчев- Христина Камчева Стојческа, и потписниците во фирмите на Камчеви- Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Основата за за истрагата- поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Токму од ноември 2018 година почнуваат и дејствијата за  „трговија со влијание“ за случајот „Рекет“ што вчера го обелодени Обвинителството за гонење на организиран криминал – предмет во кој се осомничени две лица неофицијалниот сопственик на 1ТВ- Бојан Јовановски , познат како Боки 13 и Зоран Милевски, со прекар -Зоки Кичеец. Името на Милевски низ деценијава се поврзува со екс-шефот на тајната полиција, Мијалков- во подземните кругови познат како извршител на валканите бизниси.

Двајцата се под истрага зашто токму од тој месец – ноември 2019, почнале да бараат пари од осомничено лице, преку влијание на јавен обвинител, за прекин на кривичната постапка или осомничениот да добие олеснителни околности. Името на обвинителот вчера не беше објавено официјално, но шпекулациите се движеа во насока дека нема сомнеж дека станува збор за првата жена на СЈО-Катица Јанева.

Обвинителите Русковска и Јовевски  на вчерашната прес конференција одбија да кажат дали обвинителот на кој се повикувале осомничените е Катица  Јанева која поднесе оставка од функцијата шеф на СЈО, и тоа истовремено кога Бојан Јовановски беше уапсен на граничниот премин Богородица во обид за бегство- што беше индикативен сигнал.

Но и покрај презумпцијата на невиност на која се реферираат во Обвинителството за тоа за кој обвинител се работи, неофицијалните информации говорат дека истрагата треба да се очекува да заврши токму во врвот на СЈО и случајот „Империја“ – што добива смисла ако се погледнат низата сомнителни потези кои токму СЈО ги презеде за осомничените во овој случај.

 СЈО со спротивни ставови за притворите за Камчев и Мијалков 

По барање на СЈО, петмина од осмничените во Империја добија притвор – меѓу нив беа Јордан Камчев, Сашо Мијалков и  Цветан Панделески. Исто така по барање на СЈО, Судот донесе решенија и за привремена мерка одземање на имотот на ДПТУ Орка холдинг АД Скопје и ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје. На 14 декември, 2018, СЈО и Судот ќе ја одбијат гаранцијата од 14 милиони евра што Камчев ќе ја понуди за да му се замени затворскиот со куќен притвор.

Сепак, само две недели подоцна на крајот на декември, поради нејасни околности, СЈО самото ќе предложи Камчев да оди во домашен притвор, овојпат без гаранција. По реакциите во јавноста, Јанева во обид да го објасни ваквиот потег на СЈО ќе каже дека „биле обезбедени сите докази и дека „присуството на осомничените во притвор не е потребно“ затоа што тие повеќе не можат да влијаат врз сведоци или да го повторат делото. 

Но, наспроти овој став на Јанева од крајот на декември 2018 г. дека осомничените веќе не можат да влијаат на сведоци, во февруари 2019 г. СЈО излезе со сосема спротивна оценка. Во образложението кое СЈО го испрати до Врховниот суд со барање на продолжување на куќниот притвор на Камчев се наведува дека „е потребно да се изврши распит на голем број сведоци и доколку биде пуштен да се брани од слобода ќе ја попречува кривичната постапка“. Со одлука на Врховниот суд, Камчев, Мијалков и Панделевски излегоа и од куќен притвор.

Поплавени документите за „Империја“

Сепак, тука не завршија скандалите со „Империја“ – само еден месец подоцна по ослободувањето на Камчев и Мијалков од притвор, беше објавено од медиумите, а не од СЈО, дека во просториите на ова Обвинителство пукнала цевка и дека биле поплавени и документи поврзани токму со случајот „Империја“.

„Поради  дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките на тој систем, пришто беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“.

Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на СЈО осигурени се како објектот, така и опремата“ -беше одговорот што СЈО го испрати за емисијата 360 степени.

Нов пресврт- Јанева го врати пасошот на Камчев

Во мај годинава Орце Камчев на кој по барање на СЈО му беа одземени двата пасоша кои ги поседувал – македонски и бугарски, целата јавност го виде во Келн, Германија на финалниот натпревар Вардар-Веспрем во ракометната Лига на шампиони.

Барањето да му се даде дозвола за времена патна исправа Камчев го испратил до судија на претходна постапка со образложение дека имал неодложни службени патувања. Судијата на претходна постапка се обратил до СЈО од каде што добил позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок на важност од 8 месеци.

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова која го води предметот „Империја“ денеска на прес конференција во СЈО го насочи сиот товар врз шефицата на СЈО-  сите документи за притвори и за пасоши ги потпишувала лично Катица Јанева. Со овој потег, Стефанова сосема се дистанцираше и отфрли секаква можност за нејзина лична директна инволвираност и со тоа и одговорност, префрлајќи ја целата вина врз Јанева.

„Не стравувам дека може да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа“, рече Стефанова.

Давидовиќ: Не постои никакво оправдување за Јанева ако е ова вистина

Целиот овој случај мора да се расчисти и со закон да се спречи можноста и во иднина да се појавуваат судски тела кои немаат никаква одговорност- коментира за НОВА, адвокатот Звонко Давидовиќ .

„СЈО беше надеж за народот – но очекувањата не се исполнети. Ако се точни шпекулациите тоа е незамисливо.

„Имаше истекување и објавување на прислушувани разговори, имавме ситуации –  прати го во притвор, па ослободи го, земи му пасош, па врати го, одмрзни – замрзни имот. Сето тоа создава многу лоша слика и отвора сомневања за работата на обвинителството.

Замислете човек на кој сте му ги довериле сите прислушувани разговори, сте му дале страшна моќ во раце, сте му дале огромен буџет кој никој го нема, сте им обезбедиле истражен центар – тој сега да рекетира луѓе и да учествува во такви работи со осомничени лица за кои води истрага, тоа е незамисливо и не постои никакво оправдување за вакво однесување“ вели адвокатот Давидовиќ.

Давидовиќ нагласува дека мора да има драконска казна, а Обвинителството за организиран криминал да не се повикува на презумцијата на невиност, затоа што се работи за јавен интерес. Тој очекува СЈО да се вклучи во јавното обвинителство и отворените истраги да продолжат – меѓу кои и за предметот „Империја“.

Ристовска: Истрагата за „Империја“ треба да продолжи

Специјалната јавна обвинителка Ленче Рисова денеска на прес конференција во СЈО рече дека истрагата за Империја треба да продолжи и покрај шпекулациите дека токму осомничено лице во овој случај е сведок на Обвинителството за организиран криминал.

„Основ за запирање на истрага не може да биде друга постапка која паралелно се води  за други кривични дела. Секоја постапка е индивидуална и треба да се истражат наводите во неа“ рече Ристовска.

Ако имаме докази за сторено кривично дело ке следи обвинение, доколку не дојдеме до такви сознанија истрагата се запира – не можам да прејудицирам како ке заврши“ рече Ристовска.

Обвинителството за организиран криминал најави дека истрагата за Рекет ќе продолжи – на обвинителката Јанева одземен и е мобилниот телефон за да се испита каква била конекцијата со Бојан Јовановски кој заедно со Зоки Кичеец од вчера се во 30 дневен притвор.

Што ги поврзува Јанева и Боки 13

Блискоста меѓу Јанева и Боки 13 беше евидентна – тие постираа заеднички фотографии на Инстаграм, а Јанева го вработи како правник и својот син, Лазар Јанев, во 1тВ- телевизијата во која Јовановски се претставуваше како сопственик, иако формално тоа е неговиот татко. Јанева се фотографираше  со Боки 13 и на приватни забави – родендени и на работни состаноци и гостувања во 1ТВ. Боки 13, освен со Јанева на Инстаграм постираше фотографии и со политичари од власта, што беше јасна порака дека тој ја црпи сопствената моќ не само од телевизијата туку и од првите луѓе во владеачката гарнитура.

Пред само две недели Бојан Јовановски во интервју во неговата телевизија 1ТВ на прашањето како ги коментира објавите дека рекетирал бизнисмени одговори: „Ако со Катица Јанева сме правеле злоупотреби со клиенти досега ќе направевме партал“. Неговата последна порака во тоа интервју беше потсетување дека тој исклучиво е центарот на моќта – „еден од клучевите на Пандорината кутија е во мои раце“ – рече Јовановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.